Казни од 300 до 650 евра за родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца

Казните за 130 родителите кои лани не ги вакцинирале своите деца ќе бидат од 300 до 650 евра, велат од државниот здравствен инспекторат. Родителите или ќе треба да ја платат казната и да ги вакцинираат децата или да завршат на суд.

Податоците покажуваат дека во последно време родителите во урбаните средини помалку ги вакцинираат своите деца. Опфатот на имунизацијата последниве години опаѓа и ја внесе Македонија во групата на високоризични земји за ширење на заразни болести.

Медицинските лица појаснуваат дека вакцинирарањето значи заштита на сопствените деца од заразни болести и заштита на нивното здравје од тешки последици и апелираат за задолжителна редовна имунизација.