НИКОЛА ГРУЕВСКИ ИГРАШЕ „ЅЕ“ ВО ПАРК

Никола Груевски во последниов период има повеќе слободно време и како што дознаваме го користи на различни начини, но со иста цел, да дознае нешто повеќе за животот.

Минатата сабота, Груевски го здогледа сонцето и направи точна претпоставка „Денес ќе биде топло“ и сосема спонтано замина сам во градскиот парк. Најпрвин имаше проблем со шетањето во парк бидејќи заборавил дека се оди по патека и одејќи низ тревата се удираше во грмушки, заглавуваше помеѓу дрва и се вртеше во круг. Поради својата моќ за логика и талент за опсервација потоа не повеќе од четири часа сфати дека треба да оди по патека.  Но, кога почна да шета по патека и концентрацијата веќе не му беше насочена во наоѓање излез од лавиринти, тој забележа дека повеќето луѓе во паркот го исвиркуваат и го нарекуваат со погрдни зборови. Се натажи. Ко,га помисли да си оди под едно дрво, здогледа дабар, весело ги крена рачињата во воздух и се затрча кон него. Кога пристигна виде дека всушност тоа било канта, клекна на колена. Позади кантата се криеше мало дете, не повеќе од 120 сантиментри. Детето му кажа „Ѕе!“. Играта „Ѕе“ се игра со двајца или повеќе играчи при што еден од нив, а може и сите играчисе кријат зад некој предмет или некоја особа при што не мора целосно да бидат скриени, доволно е само очите да не се гледаат и одеднаш се појавува скриениот на виделина, го погледнува другиот играч во очи и извикува „Ѕе!“, при што се лачи сератонин и играчите доживуваат неизмерна среќа. Во оваа игра нема губитници, сите се победници. За разлика од одењето по патека, на оваа игра Груевски веднаш се досети. Почна да трча низ паркот, да се крие зад споменици и дрвја и весело да извикува „Ѕе!„. Набргу сите си заминаа и тој остана сам во паркот. Ја наведна главата, тивко изусти „Животот е суров“ и игнорирајќи и патеки и грмушки и дрвја си замина дома. По пат си ги изгреба рачињата.

Никола Груевски е роден во Скопје и набргу после тоа станува министер, па кратко време не е ништо, па потоа е премиер и сега повторно не е ништо. Омилена боја му е жолтеника, а омилено животно дабар. Од овошје највеќе сака киви, додека грозје му е онака. Позитивни особини му се: љубопитност, храброст, похотност, а негативни: лекоумност, забезекнатост и други.

И.П.