Писмо од една скопјанка: До кога вака скопски угостители

Пред некој ден во посета ми дојдоа гости од Србија. Се помислив каде да ги однесам на ручек и ми текна да одиме во Дебар маало.

Одлична атмосфера, луѓе, сенка и добра храна…им велам на гостите. Седнавме во една од кафаните и почнавме да го разгледувам менито…Луѓето со нерпение викаат ајде веднаш да нарачаме гладни сме го повикавме келнерот кој незаинересирано ги следеше нашите нарачки. Ве молам шопска, брускети, мешана скара, пиво и два сока, па ќе до нарачаме подоцна…

Дојдоа пијачките, пивото топло го замолувам љубезно келнерот да го врати и ново ладно да ни донесе тој низ насмевка кажа извинете заборавивме во фрижидер да ги наместиме во моментов нема ладно ако сакате нешто друго…Се погледнавме,  гостите мораа да си ја сменат пијачката…Стигна храната наместо рижото добивме зеленчук на скара, повторно изреагиравме пак наидовме на чудно ископување од ситуацијата од страна на кленерот на кој или му беше преку глава или решил да штарјкува носејќи ни сосема други јадења и друг пијалок…Ми падна глупо па појдов до шанкот и се обратив извинете шефот тука ли ви е не само ние сме на смена дрско одговрија келнерите…Капакот на се беше кога едниот гостин враќајки се од тоалет да седне на столчето тоа се скрши, човеков се изнасмеа, изреагирав за ситуацијата со столот и еве го келнерот со палачинки вели: Повелете ова е од нас се извинуваме за настанатите грешки..Си помислив, а добро е барем се извадија некако од целава ситуација викнавме сметка кога палчинките не биле гратис тие уредно си беа внесени за наплата во сметката…

Па до кога вака скопски угостители, јас можам да ви кажам дека по мене ќе дојде некој нареден кој ќе се разочара од вашата непрофесионалност и така ќе си го изгубите угледот…но, очигледно штом вака правите тоа и воопшто не ве засега, само ќе чекате нови жртви….