Ролат со Вишни и Ванила пудинг

Ролат со Вишни и Ванила пудинг  готов за само 20 минути, идеално за современиот начин на живот.

Состојки:

1 лист лиснато тесто,
400 ml млеко,
1 пудинг од ванила,
3 лажици шеќер,
по желба вишни (боровници),
малку шеќер во прав за посипување.

Припрема

На подлога која претходно сте ја набрашниле растегнете го лиснатото тесто. Сварете го пудингот, па премачкајте го лиснатото тесто со пудингот. Во два реда ставете ги вишните (јас додадов и малку и боровници но тоа е по желба).

Завиткајте го ролатот и потоа ставите го во тава или калап за печење. Печете на 180 C додека не порумени.

Готовиот ролат оставете го да се олади, па потоа сечет на парчиња. Одозгора посипете со прав шеќер па потоа послужете.