Што се е потребно за да се стане успешна жена претприемач?

Денеска во хотелот Стоун Бриџ  се одржува „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, Инструмент за претпристапна помош (ИПА).

На овој настан присутните имаа можност дознаете за активностите кои ќе ги реализираат организациите спроведувачи, GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска и Здружението на бизнис жени, a ќе бидат за подобрување на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

Говорник на промотивниот настан за проектот “WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност” е сопственичката на Рептил маркети, г-ѓа Даница Личанин-Блажевска.

Во нејзиниот говор ќе објасни што се е потребно за да се стане успешна жена претприемачка и ќе ги поттикне сите жени кои сакаат да започнат свој бизнис да го реализираат својот сон, преземат акција и да станат успешни во бизнисот.

Втор говорник на настанот ќе биде Г-ѓа Катерина Ангеловска, тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор .

Како жена претприемач, со својот говор ќе ги мотивира и другите жени и млади девојки да работат на својот личен развој, да креираат нови бизниси и да станат успешни жени претприемачки.