Викендов понесете си чадор- за први мај температурен шок во Македонија

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време со температура од 11 до 28 степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локализиран дожд или невреме со грмотевици, температурата ќе се искачи до 28 степен.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со можен локализиран дожд или невреме со грмотевици, температурата ќе се искачи до 28 степен, а слично време не очекува и во понеделник со температура до 29 степени.

Прогнозата за 1 мај ќе остане во рамките на она што веќе се нарекува традиција кога станува збор за временските услови.

Повторно се најавува облачно време со услови за дожд и температури до 30 степен.