Роденден на британската кралица во Скопје

Амбасадата на Велика Британија вчера во хотелот Александар палас во Скопје организираше прием по повод роденденот на кралицата Елизабета Втора.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет синоќа ги пречека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министри, амбасадори, како и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев и Мицкоски во еден момент се поздравија и кратко застанаа заедно со Џафери.