Матурата е неморална и спротивна на Куранот! ИВЗ: Славете, но без алкохол и дрога (фото)

Непознати лица во текот изминатата недела делеле флаери низ Скопје, на кои е напишано дека поради морални и верски причини, завршувањето на средното училиште не мора да се слави, односно дека матурата не е дозволена. На флаерите не пишува кој е авторот, објави „ТВ21″.

Според директорот на образовниот и научниот сектор при ИВЗ, Јусуф Зимери, нема ниту правна ниту верска основа да се забранат матурските прослави. Апелираат до властите, тие да се идентификуваат поради тоа што според него, истите делат и книги со верска содржина, пропагирајќи девијантни идеи.

Според МВР, слични флаери се поставувани и на крајот на минатогодишната учебна година. Според МВР, граѓаните го пријавиле случајот, но додаваат дека содржински, флаерите не промовираат меѓу-верска омраза.