Овошно Задоволство: Фантастичен колач готов за миг, без печење

Состојки:

Основа:
1 пакување пишкоти,
300 ml  вода,
свежо исцеден сок од портокал.
Крем:
600 ml млеко,
150 g шеќер,
2 ќесички ванилин пудинг,
2 ќесички ванилин шеќер,
малку сол,
200 g маргарин,
Овошен прелив:
700 g овошје (јагоди, малини, капини, рибизли,…),
2 ќесички ванилин шеќер,
по потреба шеќер,
6 листови желатин,
За крај:
500 ml хопла за шлаг.

Подготовка:

Измешајте ја водата со сокот од портокали и потопувајте ги пишкотите во смесата и потоа редете ги во калапот. За кремот сварете го пудингот со шеќер, ванилин шеќер и малку сол, па во оладениот крем додајте го изренданиот маргарин.
Кремот ставете го врз пишкотите. Изматете ја хоплата и премачкајте го кремот. Ставете го колачот во фрижидер. Овошјето исчистете го и измијте го, а потоа измиксајте го за да добиете густа каша. Во овошјето додајте шеќер, се заедно кратко сварете на тивко, со постојано мешање, колку да се стопи шеќерот. Обавезно пробајте за да видите дали е доволно шеќер, по потреба додадете. Оладете го да биде млако. Желатинот ставете го во ладна вода да набубри. Набабрениот желатин исцедете го па потоа на млако стопете го, па додајте го во оладената овошна каша. Добро промешајте и прелијте врз шлагот.