Викендашите се враќаат дома: На преминот „Богородица“ се чека два часа (фото)

Голема фреквенција на возила е забележана попладнево на граничниот премин Богородица.

За излез од Грција претпладнево се чека два часа и повеќе. Колоната е долга и за влез во Македонија. И покрај тоа што се отворени повеќе ленти, чекањето е речиси два часа.

 

Многу од граѓаните продолжениот викенд го искористија за одмор и посета на јужниот сосед, по што се враќаат дома.