Крлеж – пролетна опасност: По враќање од природа задолжително да се направи проверка на телото

Топлото време ги наезди крлежите во парковите, ливадите и шумите. Како заштитна мерка при шетање во природа е носење на соодветна облека со  долги ракави за да останат што помалку откриени делови од телото.

По враќање од природа задолжително да направат проверка на телото особено на затскриените места каде може да се сокрие крлеж, велат лекарите.

Постојат многу трикови за отстранување на крлеж а еве неколку корисни.

Некој ја подмачкува погодената област со сончогледово масло, некој трије со сапун на местото каде што се наоѓа крлежот, а некои го вади со пинцети.

Некој препорачува подмачкување на каснување ацетон, која патем, не смее да се прави.

Еден едноставе и лесен начин на кој може да отстраните крлеж е, местото каде што се наоѓа да го посипете со сола врз него да ставите мокра крпа, со сигурност за 20- 30 минути крлежот ќе излезе од вашето тело.

Потоа се што треба да направите е да го ставите во неоја кутија и да го однесете кај вашиот докктор да се испита дали е крлежот носител на полиомејелитис или енцефалитис (спреме статистиката се вели дека секој десетти крлеж може да биде заразен)

А ако немате сретство да се заштитите од крлежи еве како да си направите самите:

Во 200 милилитри врела вода се става 25 грама каранфилче, се остава да врие 15 минути,да се излади и додадете 2 лажици алкохол.

Пред да излезете во природа, нанесете од растворот на себе и на своето милениче па така ќе се заштитите.

Ако немате време да го приготвите овој раствор, купете обично масло од каранфилче и разредете го со вода, неколку капки на литар вода.

Мирисот на каранфилче не го поднесуваат и комарците така да ќе имате дупла заштита.