Започна акција за идентификација на таканаречените „фантоми” во Македонија

Министерството за труд и социјална политика во соработка со МВР и Управата за водење на матични книги, започна да спроведува акција за идентификација на лицата, кои немаат никакви лични документи.

Гостивар е еден од градовите каде има најголем број таканаречени фантоми. Од Центарот за социјална работа во Гостивар, ги потсетуваат лицата да поднесат барање на шалтерите во Управата за водење на матични книги, за да си го решат проблемот и конечно да дојдат до лични документи, пренесе канал77.

Се проценува дека во земјава има околу 5000 лица кои немаат никакви документи.