Конзумирајте ја копривата и болестите нема да удрат по вашето здравје

Не бира место каде расте, распростанета е насекаде (покрај патишта, на село, град ,планина итн) многумина ја нарекуваат  плевел, но сепак се работи за една многу мокна лековита билка, која со нејзиниот комлексен хемиски  состав  е  права ризница на здравје и истата изобилува со многу витамини (каротени, ц-витаминот К кој е одговорен за згрутчување на крвта) витаминот б-комлекс (А витаминот).

Минерали (калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, натриум), танински киселини, хормони.

Кој што се неопходни за правилно фунционирање и одигруванје на најсложените биохемиски процеси  во телото.

Од витамините е најзастапен и се издвојува  Ц-витаминот, а од минералите  железото (кое најмногу го има во семето).

ВИТАМИНОТ Ц ГО ИМА НАЈМНОГУ ВО МЛАДИТЕ ЛИСТОВИ ОД КОПРИВАТА , во семето од коприва.

Тоа што ја карактеризира копривата е нејзиното жарење и печење по кожата, кој сите сме го почувствувале неколку пати во животот. Тоа пецкање се нарекува уртифицирање.

Сепак тоа не е нејзината негативна страна во поглед на здравјето  на човекот, напротив тоа ублажува и спречува болки и заболувања, како што се (ишијац, реуматски промени, артритис, гихт) со обложување на болните места.

Оваа исцелителна мок на копривата  се должи благодарение  на киселините кои ги излага од нејзините  силициумови шупливи  иглички,тоа всушност се минерални иглички при допир лесно се кршат и самата киселина навлегува во кожата и го чувствуваме тоа пецкање.

  • Мравјата киселина
  • Ацетилхолната киселина
  • Хистаминот
  • Серотонин

Кверцетини што ги содржи   најактивни биофлавоноиди, јак антиоксиданс, антиалергиско, антиинфламаторно, антиканцерогено и антиреуматско  својство.

Сите делови на копривата се употребливи

  • Корен ( пролет и есен се собира)
  • Листови напролет бидејки младите листови се најбогати со витамин ц
  • семе тоа созраева наесен т.е. во август се собира

Она што треба да го направиме е во овој временски опсег да направиме залихи за во зимскиот период и оваа билка да ни биде расположлива во текот на целата година.

Времето на берба треба да биде во не многу раните утрински часови кога постои росата и не во доцните часови ,бидејки во тој интервал се губат лековитите својства на копривата.

Сушењето треба да е во суви и проветрени простории на тем од 37 до 38 степени,не влажни простории каде би било сушењето ефикасно,не правилно сушење ратението добива смега боја и  ги губи лековитите својства

Кога ке заврши сушењето се складира истата и се пакува во хартиени кутии, стаклени или платнени резервоари.

Нивната  употреба има широка примерна како за надворешна  така и за внатрешна употреба, започнувајки од програмот за пролетно чистење на телото, а тоа значи:

  • За детоксикација ( чистење) на организмот од токсини т.е пролетно чистење
  • Го подобрува оралното здравје ( воспалени непца, гингивит, спечува наслаги на дентален плак, а се употебува и како средство за испирање на непцата)
  • Нега на коса,кожа како и за кожни заболувања (егзема, акни)
  • Смалува воспалителни процеси во организмот
  • Елиминира алергиски ринит, инфекции на респираторниот тракт т.е. горно дишните патишт (ларингит, кашлица, асма)
  • дигестивни проблеми
  • го стимулира лимфниот и ендокриниот систем
  • лекување на јетрата и нејзино прочистување (инсуфицијенција, слабост на јетрата, жолтица)
  • делотворна при проблеми со жолчката
  • желудник
  • воспалителни процеси на цревата
  • помага во спречување на крварења
  • уринарни инфекции, цистит, камчиња и песок во бубрезите
  • проблеми со простата (бенигна хиперплазија)
  • при хипертензија
  • одличен диуретик
  • го намалува нивото на шекер во крвта
  • продукција на млеко кај доилки
  • олеснува тегобите во менопауза
  • ги уништува цревните паразити
  • го подобрува имунитетот

Употребата на копривата не запира тука, таа има широка примена во:

  • кулинарството за приготвување на вкусни пити и специјалитети
  • во земјоделството како губриво
  • борба против лебарки и штетници  во домакинствата
  • приготвување на сирупи, еликсири, тинктури
  • чајот од коприва делува превентивно и терапевтски
  • семето од коприва со мед ја подобрува крвната слика кај оние кој се борат со анемијата а воедно го зајакнуваат имунитетот

Рецепт за зајакнување на крвната слика:

  • 100 гр ореви +100 гр бадеми+100 гр ленено семе+50 гр семе од коприва
  • 1 тегла мед
  • 3 х1 лажица 3 месеци

КОРЕНОТ од коприва ја  намалува бенигната хиперплазија на простатата за 80 % со негова употреба , симптомите се повлекле   научните студии покажале и  доказале за нејзиното благотворно дејство за отежнато мокренње и инфекција на мокрачните патишта. Рецепт:

  • 2 лажици корен од коприва со 200 мл вода 3 на ден пред јадење во период од 3 до 6 месеци.

За  спречување на кашлицата,како ефикасен природен лек ја препорачувам

  • 2 главици кромид
  • 4 ореви
  • 750 гр мед
  • 20 гр семе од коприва

Се става во 1 литар вода и се вари се додека не испари водата и не остане 1,4 од смесата.

Се ова некое време да отстои потоа се процедува се додава медот смесата се хомогенизира.

Се конзумира повеке пати во текот на денот се додека не се смири кашлицата.

Велат не удира гром во коприва,.јас како нутриционист би се надоврзала само на оваа поговорка:

,,Конзумирајте ја копривата и болестите нема да удрат по вашето здравје,,

Копривата е корисна и за :

  • група на луге кој примаат терапија за згрутчување на крвта (синтроп)
  • висок крвен притисок
  • луге со сериозни бубрежни заболувања
  • бремените жени

Поголема количина на чајот од коприва може да предизвика потење, дијареа, запек и мачнини но не и сериозни последици.

M-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска 

emilija.spasovska@gmail.com

контакт телефон: 078 388 889