На пазар е поквалитетно, ама во маркет може со картица да се плати

Од каде набавуваат граѓаните овошје и зеленчук, на пазар или во маркет?

-Поквалитетно е во продавница и можам да купам со картица, вели Богдан од Аеродром.

-Во маркетите сам можеш да си бираш, додека на пазариве продавачите ти ставаат, вели Милена од  Центар.

-На пазар се тазе роботите, во маркетите некогаш не ги зачистуваат, специјално доаѓам секој вторник и петок на пазар, вели Ѓоко од Кисела Вода.

-Земјоделците ја носат робата  на пазарите и таа овде е посвежа. Нормално е луѓето да купуваат повеќе во маркет бидејќи се им е на едно место. На пазар со картица не може да се плати затоа и се осеќа конкуренција, вели една продавачка од Зелен пазар.

-Искрено имав навика да купувам од пазар во близина ми отворија дуќанче за зеленчук и овошје каде цените се поевтини од пазарот. Можам сама да бирам за разлика од пазар каде ми ставаат од задната страна, и кога ќе искоментирам некултрно ми возвраќаат, вели Билјана од  Карпош.