Проверете дали сте правилно пријавени на вашето работно место

Најпрво, посетете ја страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија и кликнете на е-Работа.

Во случај веќе да се регистрирани како корисник на е-Работа, внесете ја електронската адреса која сте ја регистрирале како корисничко име и лозинката за најавување во системот.

Ако сте правно лице, потребно е да поседувате валиден дигитален сертификат издаден од квалификуван издавач на дигитални сертификати. Може да се регистрираат само правни субјекти на кои им е доделен ЕМБС од страна на Централниот регистар на РМ.

За регистрација на физички лица не е потребен дигитален сертификат. Може да се регистрира секое лице за кое веќе постојан основни податоци во некоја од евиденциите на АВРМ.

Регистрација во туѓо име, со туѓи податоци и туѓи е-мејл адреси како корисничко име, претставува злоупотреба и е казнива по закон. Агенцијата за вработување не презема одговорност за злоупотреби од ваков тип.

Откако ќе се регистрирате, можете да симнете дигитална копија од вашиот тековен М1/М2 образец.