Би сакал да имам моќ да ти ги покажам сите текстови што те чекаат

Уште при самиот влез ќе бидеш ставена на тест. И така ќе биде секој ден. Немој да се грижиш.

Од тебе барам само една работа – сред тешкотија и болка да најдеш сила да си кажеш: „ На кое место  и да сум, тука сум за да станам во иднина подобра личност“.

Сред банкрот или сред распад на врска, повеќето од нас веројатно не ни помислуваат за момент да застанат и да речат: „ Добро, има нешто што треба да го научам од ова затоа што, што и да ми се слушува денес во животот, тоа е одлично за моето  духовно созревање.“

Кога ќе стигнеме таму и кога ќе се најдеш заглавена во истите негативни навики, чувства или однесување, запри се.

Вдиши длабоко и издиши, диши полека и смирено, разбирајќи дека онаму каде што си е местото каде што и треба да бидеш.

И не би сакала да биде поинаку.

Ако сфатиш дека постои систем за сите нешта кои ти се појавуваат во животот и дека се е тука за да те научи и да те одведе до тоа да можеш самата да го завршиш своето подобрување, никогаш повеќе нема да се грижиш.

Ќе знаеш дека си ставена во оваа рамка, во ова тело и на место за да бидеш во најдобра позиција да го завршиш своето подобрување.

Околностите во кои се наоѓаш не се казни, тие  се алат што ќе ти помогне да се издигнеш до наредното ниво на свест.

Ако навистина го разбереш ова, тогаш нема да има алчност, гнев или завист затоа што ќе знаеш дека секогаш си таму каде што треба да бидеш.