Знаев дека ќе осмне денот кога ќе дојдеш кај мене

Знам дека се чувствуваш изморено. Изгубено. Се обидуваш да ја пронајдеш смислата на својот живот. Чувствуваш дека правиш се, но резултатите ги нема. Веруваш дека си создадена за големи работи, но тие никако да тропнат на твојата врата.

Погодив ли ?

Верувај ми, нема ништо лошо во тоа.

Всушност, и јас се чувствувам така. И јас, исто како тебе, бев изгубен. И јас секојдневно се обидував да ја пронајдам смислата на мојот живот. Се убивав од работа, а резултатите што ги замислував ги немаше. Секоја клетка во мене веруваше дека сум создаден за нешто големо, а тоа големо никогаш не тропнуваше на мојата врата.

Зошто ти го кажувам ова?

Едноставно е! Поголемиот дел од нас се чувтвуваат вака и нема ништо лошо во тоа. Ова не значи дека не си доволно добра , дека не си успешна или дека не работиш доволно. Не. Оваа состојба и овие збунувачки чувства кои секојдневно ги доживуваме немаат никаква врска со овие работи.

Е сега сигурно се прашуваш: тогаш, во што е проблемот? Зошто тлеат овие чувства во мене? Зошто не сум задоволна со тоа што го имам? Зошто цело време мислам дека ништо не ми оди од рака и дека се што ќе направам  е сосем незначајно?!

Ќе ти го дадам одговорот.

Сите тие чуства во нас се резултат на една работа – ние константно одбиваме да го живааме животот!

Има нешто што не е јасно тука?

Ајде размисли. Убаво замисли се.

Дали си среќна во моментов? Во кој момент, сега! Дали си среќна со тоа што го имаш?