Совет од нашиот нутриционист: конзумирајте почесто кантарион

Кантарион е повеќегодишно жиласто растение со разгранети корења. Расте со високо исправено стебло, со висина од 20 до 100 см. Цветовите се жолти, обично цвета од мај до септември.

Идеални услови за да се размножи се: средно богата со хранливи материи почва, умерено топло и умерено светно место. Најмногу успева во предели со умерена и субтропска клима.

Состав на билката

Hipericinpseudohipericinizohipericin , hiperozidkvercetinrutinkvercitrinbiapigeninamentoflavonkatehinepikatehinhlorogenska kiselina hiperflorin, karotenoidi, steroli, leukoantocijani, etarsko масло.

Кантарионот се користи како антидепресив, седатив, антибиотик, се употребува надворешно и внатрешно. Активна супстанца е хиперглорин. Екстрактот од кантарион ја зголемува концентрацијата. Кантарионовото уље е најраспростането и најпознато се користи за лечење на изгореници. Се добива од свежи цветови на кантарион и маслиново масло. Кантарионовото масло може да се користи и во исхраната.

Одлично делува на кожана ја обновува и подмладува се користи со нанесување директно и со длабинско триење. Ја штити кожата до воспаленија и црвенило. Помага и негува осетливата, сува и испукана кожа.

Може да се употребува за масажа. Се користи за опуштање на мускулите и кај особи со послаба циркулација. Маслото од кантарион не треба да се користи како заштита од сонце, бидејќи е фотоосетливо  и може да предизвика промени на кожата, но добро делува ако имате изгореници од сонце.

Кантарионовото масло е корисно за модринки и убоди од инсекти. Се насува на лице како природно средство против акни, а помага и за реума.

Маслото може да помогне и за лечење на хемороиди. Кантарионот се користи многу во козметичката индустрија. Може да се користи и за нега на косата.ed

Антидепресивното дејство на кантарионот е познато уште од средниот век Paracelzus, а школската медицина тоа го има потврдено во 70-тите години на минатиот век.

Рецепт со кантарион за добро варење на харана:

40 грама кантарион прелиете го со 1 литар бело вино. Оставетего да отстои 30 дена на топло. По отстојувањето процедете го и пијте по две мали чаши три пати дневно пред јадење.

Масло од кантарион за рани и изгореници:

4 големи лажици цветови кантарион савете ги во тегла, оставете ги да отстојат два дена за да овенат цветовите. Потоа прелијте ги со 1 литро маслиново масло и оставете да отстои три недели.  Процедете го маслото и користете го за рани, изгореници и лечење на хемороиди.

 Кантарион и ајдучка трева против депресија:

Промешајте еднаква количина кантарион и ајдучка трева, прелијтего со 200 мл врела вода оставете го да отстои 10 минути. Овој чај пијте го три пати дневно.

M-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска 

emilija.spasovska@gmail.com

контакт телефон: 078 388 889