Сега можеби малку ќе те збунам, но те молам сослушајме до крај

Не знам дали си ја слушнала приказната за еден млад човек кој му се обраќа на својот учител со овие зборови: „Го повикав Бог, го молев преколнувајќи го , барајќи му едно нешто , но Тој никако да ми одговори.“  Учителот се свртел и му рекол на ученикот: „Ти одговорил. Одговорот е не.“

Приказната е едноставна. Но понекогаш е токму она што треба да го слушнеме.

Знам дека досега ти велев да не се плашиш да го побараш тоа што го сакаш, но мораш да прифатиш и дека одговорот нема секогаш да биде ДА.

Некогаш, за твое добро, нема да ги добиеш работите кои веруваш дека треба да ги добиеш.

Но тоа што сега  не си токму онаму  каде што сакаш да бидеш во животот, не значи дека еден ден, многу скоро , нема да бидеш таму. Едноставно, тоа значи дека се уште не си подготвена.

Всушност, ќе бидеш токму на вистинското место за да ја научиш лекцијата што ќе те одведе таму каде што треба да стигнеш.

Тоа НЕ, кое на почетокот ќе биде толку болно, може да биде знак за да согледаш дали таа работа навистина ти е потребна во животот.

Ако после тоа НЕ желбата за успех ти е уште поцврста, тогаш е само уште еден знак за тоа дека тоа НЕ наскоро ќе се претвори во најголемо ДА.