Се разбистри небото, гледаш?

Малку знаат дека единствениот начин да дојдеш до местово е да поминеш низ бурата, зашто влезот се наоѓа на нејзиниот крај. Затоа тие што  се кријат од неа никогаш не можат да го пронајдат.

Тој ме научи на тоа.

Ајде, ене го влезот.

Стигнавме!

Конечно сме таму каде што сите твои соништа ќе бидат твојата реалност. Ќе ги искусиш убавините на животот. Сега конечно ќе можеш да видиш како треба да се живее и што е уште поважно, зошто да се живее. Само да ти кажам уште една работа.

Честопати , кога сметаме дека е време за промена, се обидуваме да станеме нова личност прекуноќ. Но долгорочните промени не се случуваат одеднаш. Тоа е постепен процес што не може да се наметне и што се слушува природно.

Промената настанува  малку по малку, ден по ден.

Можеш да влезеш сега.

Направи го првиот чекор кон својот нов живот.