Македонските работодавци делат плата на рака

До УЈП и трудовата инспекција секојдневно пристигнуваат по неколку пријави од ѓраганите на кои им се ускратени работничките права. Жалбите воглавно се однесуваат на не почитување на работното време, деновите за неделен одмор, деновите за годишен одмор.

Најмногу пријави се однесуваат на износот на кој работникот е пријаван за исплата на нето плата.

Имено работодавачите ги пријавуваат работниците на минималната плата од 11.000 до 12.000 денари, а остатокот пример до 30.000 се исплаќа на рака. Сето тоа работниците не го приметувале додека не заминале на боледување.

„ Се беше во ред додека не појдов на породилно боледување кога наместо 30.000 денари редовна плата од ФЗОМ ми префрлија само 11.000 денари. Мојот адвокат ми објасни дека сум била пријавена само на 11.000, а остатокот му го префрлале со договор на дело, без мое знаење и одобрување“ – вели нашата соговорничка.

Во паника не знаејќи што да прави пријавила во трудовата инспеција, оттаму и рекле да си го побара остатокот од работодавачот.

„Мојот работодавач не сакаше ни да слушне да ми го исплати остатокот, не знам каде да се обратам да си ја побарам правдата. Со мало бебе и неколку кредити не можам да го издржам месецот.“ вели нашата соговорничка.

Ова е само еден од стотиците пријави кои секојдневно пристигнуваат до Инспекторатот за труд, често се случува и воопшто да не се пријавуваат вработените. Бремени работнички биле принудувани на работа за време на неделен одмор, годишниот одмор се ускратува . Даваат само по 10 дена во летниот период. Работното време се продолжува од 8 часа на 10 часа во текот на денот без пауза.