КАКО СТРАНЦИТЕ ГО ДОЖИВУВААТ ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

Ги запрашавме американсиот амбасадор Џес Бејли и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан како го перцепираат Зоран Заев. Не штедеа ниту зборови, ниту чувства.

ЏБ: Kолку само позитивна енергија има тој човек, како да е пример од книга на Ошо. Во дипломатските кругови низ цел Балкан се шири една заедничка констатација за вашиот премиер, која гласи Заран Заев зрачи со пјур финоќа“. Многу е мил, стабилен и фин. Поседува детски шарм и невина насмевка. Но морам да кажам дека сепак јас и Куки имаме и приватен, пријателски однос. Да, Куки, знаете од Зоран, па Зоки, Буки, Цуки, Муки и сега е Куки. А и тој мене ме нарекува Куки и сега кога сме на некоја друштвена собиранка и јас ќе му се обратам со Куки, Куки, па тој ќе ми врати нешто и ќе ми каже Куки, Куки, сите се збунети ама и насмеани. Многу е симпатично. Понекогаш кога сум тажен или чувствувам некое нерасположение, нелагодност, му се јавувам да се видиме на три минути и така се полнам со позитивна енергија, заборавам на црни мисли. Само за три минути, дури немаме време ни за чај, ни за кафе, има време евентуално за палента.

ЈХ: Јас најпрвин не го прифатив Зоран Заев, поради две причини. Првата причина е моја, лична. Јас не стекнувам пријателства на брз начин, не верувам во инстант пријателства. Мислам дека за зближување со човек, треба време. А откако ќе настане зближувањето, пријателството треба да трае вечно, Затоа и ми беше тешко да се оттргнам од екс премиерот. Втората причина е неговата изјава дека е од Бога пратен да се бави со политика и најпрво си реков нешто не е во ред со човеков. Но, подоцна го запознав. Не знам дали постојат зборови кои можат да опишат колку сум среќен што го познавам Буби и што е во мојот живот. Неговото постоење ми прави да се чувствувам убаво, смирено, блажено. Последниот пат кога бев во Скопје ме гребеше грлцето и чим го видов Буби, тој знам примети дена нешто не е во ред и само се насмевна, а неговата насмевка, ја излечи мојата настинка. Буквално.

Зоран Заев е роден во Муртино, Струмичко. Тој има многу пари, може да си купи што си сака.  Сега е премиер на Република Македонија, но не зашто тој толку тоа го сакал, Бог така сакаше. Го препознава и познава англискиот јазик. No habla español.

И.П.