Листа со 12 најотровни намирници кои може да се купат од пазарите

Според американската непрофитна еколошка организација ЕВГ, а загрижува податокот дека остатоци од пестицидите не можат потполно да се отстранат ниту со темелно миење на овошјата и зеленчукот. Најновата листа „12 најотровни” за 2015 година стручњаците ја направија врз основа на анализа на остатоците од пестицидите, а ја спроведе американското Министерство за земјоделие и ФДА, значи станува збор за увезени овошје и зеленчук.

Листа на 12 најотровни

  1. Јаболка – од сите примероци кои биле земени за испитување, 99 отсто биле позитивни на пестициди; содржат дури и до 56 видови различни хемикалии.
    2. Праски – дури 85,6 отсто различни видови праски на пазарот содржат два или повеќе видови пестициди, а 57 видови различни хемикалии.
    3. Нектарини – секој примерок од увезените некатарини позитивен е на некој вид пестициди, а 90,8 отсто од нив содржи два или повеќе видови пестициди.
    4. Јагоди – во нив се откриени 13 различни видови пестициди.
    5. Грозје – на еден примерок пронајдени се дури 15 видови пестициди.
    6. Целер – контаминиран е со 13 хемикалии.
    7. Спанаќ – содржи различни комбинации пестициди.
    8. Блага пиперка – речиси 69,4 отсто од тестираните пиперки содржеле повеќе видови пестициди.
    9. Краставици – третирани се со дури 68 различни пестициди.
    10. Шери домати – еден примерок од овие домати е загаден со дури 13 хемикалии.
    11. Грашок – еден примерок е третиран со 13 видови хемиски средства.
    12. Компир – компир со просечна тежина има повеќе пестициди од која било друга храна.

Егзотичните видови се најчисти

Од тестираните овошја и зеленчуци авокадото е најчисто. Само 1% од сите тестирани видови авокадо на пазарот покажало траги од отровни хемикалии.

Слично е и со другите егзотични овошја. Дури 89% испитани ананаси, 82% киви, 80% папаи, 88% манга и 61% дињи не покажале траги од пестциди. Ниту едно овошје или зеленчук од листата на 15 најчисти немало повеќе од четири видови пестициди.
Освен егзотичното овошје, чисти се зелката, боранијата, лукот, кромидот, аспарагусот, црниот патлиџан, карфиолот.