Ремек дело на природата – Мон Сен Мишел

Мон Сен Мишел е остров и општина во Долна Нормандија, Франција. Се наоѓа на околу еден километар од северозападниот брег на земјата, на устието на реката Куеснон во близина на Авранш. Островот е голем 100 хектари, а населението брои 44 луѓе (2009).

Изградбата е започната дури во далечната 709 година. Во 1874, Мон Сен Мишел е прогласен за историски споменик и е под заштита на UNESCO. Неговата популација брои околу 41 жител од кои повеќето се свештеници.

Неговото настанување се поврзува со легендата која вели дека Архангел Михаил му се појавил на бишопот Аберт велејќи му да изгради манастир на карпа. Тој пак, константно го игнорирал ова негово привидение сè додека Михаил не му ја изгорел главата со својот прст. Тоа било моментот кога се решило да се изгради овој прекрасен град.