Кифлички со маргарин, кората крцка, внатре се топат

СОСТОЈКИ:

1 кг. брашно тип 400

500 мл. вода

40 гр. свеж квасец

сол

шеќер

2 лажици масло

250 гр. маргарин

1 жолчка

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во топла вода се става квасецот со шеќер и се чека да се активира.

Се додава половина брашно, сол и половина маргарин и се меша.

СОВЕТ: Маргаринот треба да е на собна температура.

Се додава постепено и целото брашно и се замесува тесто.

Се прелева со масло и се остава 5 минути да впие, па се дели на три дела. Секој се расукува во круг, а од останатиот маргарин се става по една лажица.

На првиот кругг се става пола од маргаринот кој остана, па се става друго тесто, па маргарин, па трето тесто.

Се прави голем круг, се сече на 4 па на 8 дела, па се прават кифлички.

Се замотуваат и се премачкуваат со жолчка.

Нека стојат да нараснат додека се загрее рерната, па се печат во плех со хартија 15-20 минути.