Првата кула во светот која ја менува и роатира својата форма

Дубаи ќе има новото чудо! Првата кула во светот која ја менува и ротира својата форма ќе се гради во Дубаи, ОАЕ.

Дубаи е еден од најживописните градови кој има неколку историски, како и модерни атракции. Еве нешто повеќе што треба да знаете за новото чудо во Дубаи.

Архитектот Дејвид Фишер направи совршен план за завршување на кула која има 80 спрата и е висока 1273 метри. Подовите на оваа кула можат да ротираат 360 степени во двете насоки. Оваа кула најверојатно ќе биде завршена до 2020 година.

Кулата ќе додаде уште едно перје во круната на Дубаи, која отсекогаш била престојувалиште на голем број чуда, како најголемиот остров што е создаден од човекот, најголемиот трговски центар во светот, а сега е и првата ротирачка зграда во светот.

Идејата за оваа ротирачка кула беше осмислена од Фишер во 2008 година; сепак, не можеше да се изврши тогаш. Сега планираната зграда ќе биде со ротирачки подови и технологија за активирање на глас, која ќе им овозможи на жителите да ги вртат своите станови само со зборување. Покрај ова, зградата ќе има и до 79 ветерни турбини поставени хоризонтално во средината на подови и соларни панели на таванот што ќе ја произведуваат потребната енергија за кулата.

Жителите на оваа зграда ќе имаат можност да имаат паркинг  кој се граничи со нивните апартмани со специјален централен бетонски лифт кој помага да се пренесат автомобилите до нивните станови. Според проценките еден стан би чинел од околу 4 до 4о милиони долари.

Погледнете го видеот за како ќе изгледа ова ремек дел!