Совршени Крофни кои секој може да ги приготви

Ова е рецепт кој не можете да го утнете!

Состојки:

1  kg меко брашно,
1 коцка свеж квасец,
1 прашок за пециво,
1 ванилин шеќер,
6 жолчки,
100 g шеќер,
1/2 l млеко,
70 g путер,
1 dcl  павлака,
2 лажички рум,
изрендана кора од лимон,
малку сол,
зејтин за пржење, мармалад од кајсии, шеќер во прав за посипување.

Подготовка

Квасецот ќе го изрониме и ќе го измешаме со 5 лажици млако млеко, малку брашно и 1 лажица шеќер и оставаме малку да постои за да нарасне. Кога квасецот ќе се дигне го додаваме брашното кое е на собна температура, путер, жолчка, шеќер, ванилин шеќер, прашак за пециво, рум, малку сол, ја рендаме и лимуноввата кора и ја додаваме и павлаката, и додавајќи го млакото млеко го месиме тестото (ако тестото ви е мекододајте малку брашно, или пополеко додавајте го млекото додека го месите тестото и ќе забележите колку е доволно млеко). Откако ќе го смесите тестото оставите го да одстои 2 часа за да се дигне.
Кога тестото ќе нарасне направете топчиња, големина како кајсија и ставете ги на тава која претходно сте ја набрашниле. За полесно да ги формирате топчињата набрашнете ги рацете. Топчињата покријте ги со крпа и кога ќе се зголемат два пати од почетната големина спремни се за пржење.


Крофните пржите ги на загреан зејтин во тенџере (во тенџерето мора да има 2 прста зејтин) така да кога ќе ги превртите да има зејтин од сите страни. Кога ќе ги ставите да се пржат поклопете ги со капак 3 минути и потоа превртете ги и пржете ги уште 3 минути, така повторувајте ја процедурата за сите крофни ( пазите на температурата на зејтионот да биде загреана пред да ги ставите во него крофните, а потоа пржете на умерена температура).
Пржените крофни ставете ги во сад во кој претходно сте ставиле хартија за да ја упие непотребната маснотија. Кога ќе забележете дека хартијата ја упила непотребаната маснотија наполенте ги крофните со мармалад од кајсии (ставете го со шприц за декорирање на колачи) и потоа посипете со шеќер во прав.
По желба може да употребите различен мармалад или нутела, па потоа можете да ги попрскате и со чоколадно мрвици или да направите чоколадна глазура за одозгора.
Пријатен апетит!