10 Тајни трикови што секоја жена треба да ги знае

Без разлика на тоа што сите жени сакаат во секој момент да изгледаат совршено и привлечно, знаат дека тоа не е секогаш возможно. Непроспиена ноќ, тежок ден на работа, умор, брзање, недостаток на волја за разубавување и многу други фактори влијаат на нашиот изглед. Токму затоа, ви ги откриваме следниве 16 генијални трикови кои значително ќе ви го олеснат животот и ќе ви заштедат време и енергија.

1. Лимон и мед

Природно решени за акни е домашната маска од мед и лимон.

2. Моливче за очи и балзам за усни

Ако вашето моливче за очи е премногу тврдо, само натопете го во балзам за усни пред да го нанесете.

3. Тараба и зачадени очи

За да добиете фантастичен ефект на зачадени очи, нацртајте тараба во надворешниот агол на очниот капак, а потоа засенчето со четкичка. Продолжете да цртате тараби и да сенчате додека не го добиете посакуваниот изглед.

4. Шишенце од дезодоранс и масло

Празното шишенце од дезодорансите ролери може да послужи како одличен масажер. Ставете на лицето неколку капки масло и размачкајте ги со помош на ролерот од дезодорансот.

5. Крема за раце и јаболков оцет

Ако кожата на рацете ви е сува и по нанесувањето крема, ставете во кремата неколку капки јаболков оцет. Кожата ќе ви стане мазна и мека како на бебе, за само една недела.

6. Фластер на ножните прсти

Носењето нови обувки на потпетица создава силен притисок на стапалото и нервот помеѓу третиот и четвртиот прст. Токму затоа, залепете ги овие два прста заедно со фластер и уживајте во прошетката со омилените обувки на нозете.

7. Пена за бричење и шеќер

Пилингот од пена за бричење и шеќер ќе ја направи вашата кожа мека и свиленкаста.

8. Дамки на ноктите од темен лак

Најдобар начин да се ослободите од овие ужасни дамки е да ги потопите ноктите во мешавина од врела вода, хидроген и сода бикарбона.

9. Ајлајнер и раствор за контактни леќи

За да го вратите во живот исушениот ајлајнер, додајте во него неколку капки раствор за контактни леќи.

10. Светкав лак за нокти и алуминиумска фолија

За да го отстраните светкавиот лак за нокти, ставетена нив вата натопена во ацетон, а потоа завиткајте ги во алуминиумска фолија и држете ги така околу 5 минути.

11. Усни и паста за заби

Обичната паста за заби може да ги направи вашите усни пополни и поизразени. Доволно е да ставите паста на усните, да почекате неколку минути и да ги измиете.

12. Лимон и пети

Лимонот е одлично решение за суви и испукани пети. Ставете кора од лимон во чорап и држете ја така некое време.