Да бидеш самохрана мајка не е грев: Јас ќе им бидам и татко и мајка на моите три деца

Да, точно имам три деца и ја донесов најтешката одлука до сега. Развод. Морав да се разведам . Главната причина беше што престанавме да се сакаме. Згасна љубовта, повеќе ја немаше оваа драж, енергија меѓу нас. Почнавме да се караме за секакви ситници, викотници и урлања ечеа од нашиот стан.

Дури и комшиите реагираа. Мене ме фати депресија, чувство на неволност , не ми се стануваше сабајле од кревет. И едно утро донесов одлука . Готово. Ставам крај. Не можам веќе вака да живеам. Ова не е живот. Ова е мачење. Најмалото дете имаше само 5 месеци, кога си заминав од кај него.

Се спакував и заминав за секогаш. Тешко ми беше да се одлучам на овој чекор но морав најмногу заради децата. Не сакам да живеат во секојдневни кавги и расправии. Да стојат помеѓу мене и него, да не раздвојуваат кога се караме, да плачат заедно со мене. Постариот еднаш дојде  да ми ги избрише  солзите од лицето ми рече „Мамо не плачи“.

Си заминавме, наскоро дознав дека второт дете е аутистично, пред мене стоеше уште еден животен испит прифаќанење на оваа состојба. Се борев до последен атом моето дете да биде прифатено од околината која су чудни погледи веднаш осудува. За некои луѓе бев за жалење за одередни храбра жена што сама остана да се бори за своите деца.

Сега сум благодарна што ги имам тие две златца кои ми ја полнат душата, а уште поблагодарна што тие никогаш нема да бидат налик него.

Луѓето никогаш нема да разберат, но едноставно таа куќа и таа околина не беше место каде што јас би ги гледала моите деца. Честопати знаат да ми кажат како ќе растат без татко, а јас само знам луто да ги погледнам.

„Нивниот татко кажа дека не му се потребни. Јас ќе им бидам и татко, ќе им бидам и мајка, со овие две раце ќе работам непрестано, макотрпно, само да ги одгледам и да ги одведам на вистинскиот пат. Никогаш ништо да не им недостасува, бидејќи јас се жртвувам себеси за да ги направам нив среќни. Мојот избор беше само за тие да бидат насмеани, да не живеат во кавги и нервози.