ДЕСЕТ БЛИЦ ПРАШАЊА ЗА ЗЕЌИРИЈА ИБРАИМИ

Господине Зеќирија Ибраими, дали ќе може да одговорите на десет кратки прашања, за да може јавноста подобро да ве запознае?

ЗИ: Со задоволство. Едно помина, уште девет.

Утринава излегоа информации дека ќе бидете Министер за култура, но подоцна вие го демантиравте тоа. Ќе ни кажете ли конкретно,  дали ќе бидете министер или не?

ЗИ: Евентално.

Ќе можете да наброите три филма од Ингмар Бергман?

ЗИ: Еден, два, три.

Која ви е омилена книга?

ЗИ: Труба.

Кога сме кај труба, кога последен пат сте биле на Филхармонија?

ЗИ: Нема врска.

Последниот конкурс на Министерзтвото за Култура беше проследен со контраверзи. Кое е вашето мислење за тоа?

ЗИ: Нананана, пупупупу, нанана.

Молам?

ЗИ: Ништо. Уште три прашања.

Последново прашање на ми беше планирано, дали ќе може да поставам едно повеќе од планираното?

ЗИ: Не може. Уште едно прашање.

Мислите уште две?

ЗИ: Да, моја грешка. Сега останува уште едно.

Во тој случај ќе ги спојам сите преостанати прашања во едно. Кој е Зеќирија Ибраими?

ЗИ: Јас сум Зеќирија Ибраими. Крај, фала Богу.

И.П.