Избегнувајте да користите телефон, компјутер или да гледате телевизија пред да заспиете.
Многу луѓе во денешно време имаат проблем со несоница.
Патите од несоница, се будите ноќе и неможете повторно да заспиете, ако имате вакви проблеми ви предлагаме неколку трикови како да се изборите со несоницата:
- Читајте книга пред спиење. Со читањето вашите очи се одмараат, но внимавајте при изборот на книгата, тоа никако не смее да биде книга со вознемирувачка содржина. Внимавајте и на сетлото да не биде многу јако, додека читате.
- Избегнувајте да користите телефон, компјутер или да гледате телевизија пред да легнете, светлината која зрачи од нив ќе ве расони.
- Ако се разбудите во текот на ноќта, останите да лежите во онаа положба во која ви е омилена, никако не станувајте. Доколку се исправите во седечка положба, тоа ќе биде знак за вашиот организам дека сакате да бидете будни.
- Немојте да конзумирате тешка храна минимум два саати пред да легнете.
- Смирете го организнот со длабоко дишење пред да легнете, опуштете ги мускулите со истегнување, медитација или јога.
- Пред да легнете напијте се чаша топло млеко со една лажичка мед или чај од мајчина душица. Мајчината душица делува смирувачки на целиот организам.
- Избегнувајте го спиењето во текот на денот, одвикнете го телото да се буди во текот на ноќта а сонот да го надохнадува со денското спиење.
- Избегнувајте да консумирате кофеинско кафе во текот на денот. Ако можете избегнувајте го целосно кофеинското кафе како напиток, замените го со без кофеинско, какао или салеп.
- Потрудете се да ги насочете вашите мисли кон нешто позитивно, убаво што ве очекува во наредниот ден. Дистанцирајте се од сите негативни случувања и збиднувања во текот на денот, што ви направиле да се чувствувате вознемирено, раздразнето.
Пробајте техника за опуштање на телото преку вдишување и издишување во која сами ги опуштате одредените делови на телото. Почнете од стапалата па се до главата, опуштете ги сите регии и муслули на вашето тело кои се најзатегнати во текот на денот. Посебно внимание обратите на грбните и вратните мускули, целиот стрес во текот на денот највеќе се апсорбира во овој дел од телото. Легнете на под на грп и затворете ги очите, потрудете се да ги насочите мислите на вашите мускули. Во себе изговорете си „Сега опуштам лево стапало, опуштам десно стапало; опуштам лист; опуштам надколеница, подколеница; опуштам бут, бутна коска, колк; опуштам грп, карлица; го опуштам пределот околу кичмата, вратот; се спуштам полека по рацете, рамо, лакт, подлакцива, дланка, сите прсти еден по еден ги оживувам и опуштам. На крај најголемо внимание обратите на главата, лицето, очите….“ Сето ова потребно е да го правите многу полека, со ново вдишување и издишување на секоја регија. Претходно не заборавајте да обезбедите просторија на потполн мир и тишина. Додека ја правите оваа вежба, може да слушате музика за опуштање.
Убав сон!