Ова е моја одлука: Tи рековме да си побрзаш, барај си го сега детето по болници

Имам 34 години и почуствував  дека сум подготвена за бебе. Со мојот сопруг сме веќе три години во брак. Многу поскауваме детенце, но коцките не се подредуваат секогаш онака како што си замислил. За некого репродукцијата е лесна, за други е вистински предизвик и борба.

По неуспешните обиди, решивме да одиме на вештачко оплодување и тогаш, почнаа коментарите….Што ќе имате вештачко бебе од епрувета! Зар така размислувате дека бебињата добиени со помош на инсеминација и ин-витро процедура ви се вештачки бебиња?

Не ми беше сеедно од овие коментари кои наоколу ги слушав почнав да чуствувам грижа на совест и почнав да се растажувам затворам во себе почна да ме боли секој дел од душата, додека другите лаеа и истураат грст лоши зборови на твоја сметка.

Абе секој треба да си гледа за себе, па си реков на никому не му е гајле за вашите средновековни размислувања. Ова е моја одлука и избор.

Само оние кои го поминале овој пат ја знаат болката, неизвесноста и храброста која е потребна за да го издржиш сето тоа.

За сите оние кои ќе тргнат по истиот пат бидете, храбри, останете смели и самоуверени и не дозволувајте очите да ви се полнат солзи поради лоши непрокопсани луѓе.