ЊУЈОРК ВО 100 СЕКУНДИ

Постои некој импулс за Њујорк кој може да го почувствува секој кој живее таму или го посетил барем еднаш. Тоа срце што пулсира за кое не можете со сигурност да тврдите во која улица се наоѓа, на своите граѓани и посетители, посебно оние покреативните, секогаш им дава причина да му посветат некое уметничко дело.

Така, тимот на „Expedia“, Јутјуб каналот кој објавува патописни видеа кои служат како водич за патување, направиле ново видео во кое ги одбележуваат сите знаменитости на Њујорк во само 100 секунди.