Како со правилна исхрана да ги победите болестите на тироидната жлезда?

Денес со нашиот соработник и нутриционист Емилија Спасовска Мојсовска разговаравме за подобрување на функцијата на  тироидната жлезда со правилна исхрана. Болестите на тироидната жлезда се многу честа појава во светот. Повеќето од нив придонесуваат за генетска предиспозиција. Но, постојат и многу надворешни фактори поврзани со развојот на тироидната патологија.

Исхраната за тироидната жлезда обезбедува соодветна хомеостаза на телото. Подобрување на  состојбата на пациентите  голема улога има начинот на исхрана за спречување како и за доведување во ремисија (мирување).

Тироидната жлезда е многу важна за човечкото тело. Нејзината неправилна работа може негативно да влијание на функционирањето на останатите органи во телото. Затоа, болестите на тироидната жлезда се болести на целиот организам.

Нејзината главна функција – синтеза на неколку хормони кои ја поддржуваат соодветната хомеостаза на телото.

Тироидната жлезда е од најголема важност за нормален, здрав живот. Како енергетски и физиолошки центар на телото, го регулира и метаболизмот, синтеза на масти, протеини нервниот систем, окостување на коските, влијаат на будноста, способност за памтенје и учење, имаат важна улога во репродукцијата и имунитетот, како и менталниот и целокупниот физички развој на човекот разградувањето на холестеролот созревањето (раст,развој).

Тие вклучуваат:

  • честа тензија;
  • неухранетост што води до дефицит на јод;
  •  еколошката состојба во светот;
  • високи нивоа на зрачење;
  • разни инфективни и хронични заболувања;
  •  употребата на одредени лекови;

Штитната жлезда е мала жлезда сместана во долниот дел на вратот со тежина од 20 до 40 гр, поделена на два лобуса лев и десен. Нејзината правилна работа влијае на нашето здравје. Таа лачи хормони т4 и т3, составен дел на овие хормони е јодот.

За да се постави дијагноза потребно е да се извршат лабораториски испитувања и преглед на ендокринолог за утврдување на нивоата на хормоните во крвта. Но, најважно е да се откријат навремено и правилно лечење под опсервација на ендокринолог со цел да се поправи здравствената состојба.

Хипотироидизам – состојба која ги намалува нивоата на хормони, што предизвикува оштетување на некои органи, го забавува процесот на метаболизмот, оболената особа е отечена, лесно се поправа, заборавена, успорена, пати од  запек, отоци, сува коса и кожа, менструални тегоби и стерилитет.

Исхраната при хипотиреоидизам мора да ги задоволи внесот на намирници кој ја поттикнуваат функцијата на штитната жлездза и при тоа да се внесуваат намирници кој ја смалуваат ресорбцијата на јод во организмот.

Најчест причинител на хипотиреоидеа е хашимотов тироидеус, хронично воспалени е на штитната жлезда. Хипотироидизам е проблем со тироидната жлезда. Хашимото е проблем со  имунолошка функција.

Хашимото дефинира автоимун процес на болест, кој може да резултира со симптоми на хипотироидизам.

Хашимото се јавува обично во комбинација со други автоимуни заболувања (лупус, реуматоиден артрит….)

Недостатокот на јод и хашимото синдром (хронично воспаление) е карактеристика на  ,, здебелени лица,,.

  • Подготовката на комплетна исхрана за болеста на тироидната жлезда е клучот за успешен третман и закрепнување.
  • Диететските храни со нутриционистички  препораки и медицинските третмани обезбедуваат успешност и ефективност при одржување  на оптималната телесна тежина, зајакнување на срцето. Покрај тоа, правилната исхрана го нормализира метаболизмот и ќе ја врати стабилноста во нивоата на хормоните.

Хипертироидата може да предизвика заболување на коските osteoporoza, затоа е потребно големи количество на Ca, за зајакнување на скелетниот систем од можни компликации.

Во третманот на болести на тироидната жлезда треба целосно да се елиминираат од менито:

  • бонбони, конзервирана, солена, зачинета храна, кафе и се разбира алкохол
  • предност треба да се даде на морска риба, сушено овошје и зеленчук
  • како и витаминт Д и пробиотици
  • потребно во исхраната да се додадат повеке калории и протеини секојдневно ако се изгубени многу килограми, како би се надминала  критичната фаза на хипертиреоидизмот
  • омега 3 масни киселини
  • витамин Б
  • селенот е важен за намалување на нивото на антителата
  • луѓето со оваа болест треба да го збогатат внесувањето на храна која содржи витамин Ц и А витаминот и како што се кајсии, моркови, црниот дроб, тикви, спанак, кајсии авокадо, сончоглед, интегрални житарици
  • многу е важно да се внесуваат влакната за прочистување поради запек кој е чест кај лугето при ова заболување
  • риба
  • зеленчук (морков, цвекло, магдонос, домати, спанак и тиквица)
  • мешунки (грав, грашак, лека итн)
  • цели житарици
  • јаткасти плодови
  • бразиско оревче
  • цитрусно овошје
  • темно грозје
  • авокадо
  • омега 3 масни киселини, омега 6 масни киселини
  • зголемен внес на аминокиселини, протеини и калциум до 1200 мг дневно
  • витамив ц,е б2,б3 (ниацин)
  • Zn (морски плодови, семки од тиква и индиски орев)
  • Se (кафеав ориз, сок од портокал, лук, овес и  лосос)
  • печурки
  • месо од дивеч

ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВААТ

  • сенф
  • кикирики
  • индиски чај
  • кока кола и кафе
  • глутен
  • бидејки овие намирници ја отежнуваат ресорбцијата на јод.

M-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска 

emilija.spasovska@gmail.com

контакт телефон: 078 388 889