Празното седиште не било наменето за принцезата Дајана, еве зошто никој не седел до принцот Вилијам

На денот на кралската венчавка на принцот Хари и сегашната принцеза Меган Маркл сите забележаа дека едно седиште во црквата било празно и претпоставувале дека го симболизира присуството на принцезата Дајана. Но, колку и да звучи тоа убаво, за жал тоа не е вистина.

Гледачите на овој голем настан биле убедени дека на празното место би седела принцезата Дајана доколку била жива и дека поради тие причини останало непополнето во капелата на црквата.

Сепак, вистината е малку поразлична. Седиштето останало празно со цел кралицата Елизабета да има совршен поглед од вториот ред кон целата венчавка. Оваа постапка не била воопшто потребна на венчавката на принцот Вилијам и Кејт, бидејќи тогаш била сместена во првиот ред.

Иако местото не било сочувано за Дајана, младоженците ѝ оддале чест со цветен луксузен аранжман направен од нејзиното омилено цвеќе. Покрај тоа, сестрата на Дајана одржала емотивен говор со кој исто така биле почестена починатата принцеза.