Внуката на принцезата Дајана ги воодушевила гостите на венчавката, а сите велат дека е копија на својата тетка

Внуката на трагично загинатата принцеза Дајана се појавила на свадбата на Меган Маркл и принцот Хари, за која во саботата зборувал целиот свет, а убавата Кити наишла на голем број коментари на социјалните мрежи, во кои била споредена со својата славна тетка.

Доколку некој ви ја спомене Кити Спенсер, името и презимето нема да ви значат ништо, но ако некој ви каже дека станува збор за внука на трагично загинатата принцеза Дајана, веднаш ќе воочите сличност.

Кити била една од поканетите на венчавката за која не престанува да се зборува, а како изгледала можете да видите во приложените фотографии.

Кити заблескала во креација потпишана од модната куќа “Dolce and Gabbana”, со кои често соработува.

Со години ја споредуваат со славната тетка, а нејзиниот атрактивен изглед ги остава мажите ширум светот без здив.

Кити Спенсер е најстарата од четирите деца на Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дајана. Кити имала шест години кога нејзината тетка загинала во автомобилска несреќа на 30. август 1997. година.

Пораснала далеку од очите на јавноста, а британските медиуми никогаш не покажувале претеран интерес за роднините од страната на принцезата. Кити Спенсер денес има 27 години, а покрај физичката сличност со својата тетка, таа потсетува на неа и поради страста за хуманитарната работа.

Прв пат им влегла во око на медиумите во 2007. година, кога заедно со принцовите Хари и Вилијам се појавувала на парастосот на принцезата Дајана. Неколку години подоцна го искористила своето присуство на социјалните мрежи и вниманието кое го добила за активно да се ангажира во хуманитарни акции.

Кити е амбасадор на организацијата “Give Us Time”, која е фокусирана на семејствата на војниците и на кампањата “Centerpoint”, која им помага на младите бездомници да си обезбедат егзистенција и да станат работоспособни.