МАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА ГОЛЕМЦИТЕ (Вол. четири)

Александар Пандов не знае да чита. Експертот Александар Пандов никогаш не ја совладал вештината читање. Тоа никогаш не му преставувало  проблем да прави анализи бидејќи неговите експертизи не се базирани на нешто што го прочитал туку на директна перцепција преку гледање, слушање, мирисање, вкусување и друго.

Кочо Анѓушев кога ќе се налути е пресладок. Кога Кочо Анѓушев ќе се налути никого не остава рамнодушен. Ги напучува усничките, главата благо му трепери, едната нога му удира во земја и гласно вика „Нејќам, нејќам, нејќам!!!“ и „ Ќе видиш ти, ќе видиш убаво!!!“. Надимак му е Муцето.

Омилена игра на Мендух Тачи му е „Аш бубето“. Мендух Тачи многу често знае да се изгуби, да го нема и тоа го прави со намера. Тоа му е омилена игра, а потоа сака да го добие рашањето „Каде беше ти Мендух?“ и тој веднаш како од пушка одговара „Мендух беше аш бубето“. Иако кога го нема Мендух, сите потсвесно знаеме дека повторно ќе се појави, сепак неговото повторно појавување секогаш е пријатно и проследено со насмевки и неизмерна среќа.

И.П.