Колач со чоколадо

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • ½ кг шеќер
  • 1 маргарин
  • 1 кутија какао
  • 100 гр чоколадо
  • 230 мл млеко
  • 6 лаж. брашно
  • 1 пециво
  • рум
  • 1 портокал
  • Подготовка на тестото:

    Во еден сад се става ½ кг шеќер, маргарин, какаото, чоколадото и млекото заедно сé се промешува додека не сé соедини.

    Потоа смесата  се загрева на многу тивок оган,  но се внимава да не зоврие. Може да се додаде по желба малку рум и кора од еден портокал.

    Подготовка на филот:

    На страна се матат со миксер 4 јајца со  4 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици брашно и едно пециво. Сето тоа убаво се мати. Откога ќе се соедини смесата , се додава половина од тестото (првата смеса). Се меша убаво и се става во подмачкан плех за торта. Печете го на 170° степени.
    Откако ќе се испече, се трга настрана од оган за да се олади и се прелива со остатокот од филот. На крај се става во фрижидер да се стегне. Декорирајте по желба.

    Добар апетит!