РОЛАТ ОД КОКОС

Потребни состојки за првото тесто:

  • 800 гр мелени бисквити
  • 150 гр џем (по желба од кое овошје вие сакате)
  • 100 гр млеко
  • 100  гр шеќер
  • Подготовка:

    Шеќерот се меша со млекото се додака не се стопи убаво. Потоа се додаваат џемот и бисквитите. Сето тоа убаво се меси. Целата смеса се нанесува нa фолија за ролат.

    Потребни состојки за второто тесто :

  • 1/2 маргарин
  • 100 гр. кокосово брашно
  • 100 гр. шеќер во прав
  • Подготовка:

    Во миксер или со матилка се мати ½ маргарин со 100гр шеќер во прав и потоа се додава 100 гр кокосово брашно. Се меша се додека не стане тесто, по потреба може да се додаде од кокосовото брашно, за да биде тестото цврсто.

    Одкако ќе биде готово второто тесто се става над правото на фолијата, белото тесто над темното и се витка во ролат. Се става во сад за ролат потоа се чува во фрижидер за да се стврдне.

    Добар апетит!