Валентина Дисоска: Жените не се откажуваат лесно од својот пат, и бизнис светот на мажите го претвораме во свој свет

Доколку жената е фамилијарна или пак сака да биде фамилијарна и при тоа да развива свој бизнис мора да одбере партнер кој ке ја поддржува во таа идеа, и при тоа да превземе дел од домашните обврски. Веќе тука нема исклучок, дури и жената да не е претприемачка, да е само вработена, таа исто како и мажот е осум работни часа на работа, и не би смеело во едно современо живеење целото време на домаќинството, децата, постарите во фамилијата да остане само на жената, за ОКработа вели Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија.

Имате своја компанија која работи во ИТ, како се снаоѓате со таа работа со оглед на тоа дека е повеќе во светот на мажите?

Мојата компанија е спој од консултации и развој на маркетинг, од бренд идентитет до стратегии за експорт, но при тоа ги користиме ИТ алатките кои ги развиваме за потребите на маркетингот и онлајн продажба. Тој спој дојде природно после долги години искуство, каде што се покажа неопходност да се развијат двата правци во компанијата. Дали е тоа свет на мажите, во денешно време пред да одговорам на ова прашање морам да размислам, бидејки воопшто бизнис светот е на мажите, но ние жените не се откажуваме од својот пат, па така и светот на мажите го претвораме во свој свет, своја природна средина за работа и при тоа ги жнееме успесите. Мора да научиме да пливаме во сите води, па дури и со ајкулите.

Како се снаоѓате во улогата на Претседател на Здружението на бизнис жени?

Пред се е прекрасен предизвик, морам да кажам дека јас не дојдов на позиција претседател на Здружението на бизнис жени, туку јас го создадов здружението и многу ми е драго дека после 8 години посветена работа на истото, станавме препознатливи со својата работа и со својата мисија и визија на здружението.

За тоа како се снаоѓам во улогата, не можам сама да кажам, за тоа можат да говорат тимот во здружението, членките, соработниците. Но со оглед на тоа дека секојдневно растеме, секојдневно ни се проширува членството, нескромно ке кажам дека се снаоѓам добро на оваа позиција.

Како и кога дојде идејата за Здружение на жени претпиемачи? Која година е основано?

Здружението е основано во 2010 година, после неколку години неформално работење на прблематиката. Во тоа време СОЖМ ги водеше повеќето активности на ова поле, но се согледа потреба да се основа здружение од овој тип за да може поефективно да се работи на проблематиката, и на нивни предлог беше основано Здружението на бизнис жени.

Која ваша омилена книга, наоѓате ли време за читање?

Читам и тоа многу, за жал немам време за романи и белетристика, тоа си го дозволувам за време на одмор и во викендите кога ке уловам слободно време, но се повеќе читам стручна литература која ми е неопходна за да ги постигнам целите на своето работење. Знаете, за да водите здружение и за да го насочувате во вистински правец мора да знаете што се случува на различни полиња кои го засегаат нашето работење, и тоа на различни нивоа, така да претходната подготовка за било кој чекор е неизоставен дел од моето секојдневно работење.

Како ги мотивирате младите менџерки? Имате ли посебни техники?

Јас како личност, секогаш се трудам да ги мотивирам лугето да ја видат светлата страна, можността и убавината на предизвикот. Тоа би рекла дека е моја животна определба и дека така ми е доделео на мојот животен пат. Јас лично немам методологија за мотивирање, тоа доаѓа природно, само со добра мисла и чиста душа може да се мотивира човек. Она што го работиме во Здружението на бизнис жени преку нашите програми, е структурирано и насочено да им помагаме на менаџерките, соственичките на бизниси, оние кои немаат а сакаат да имаат свои бизниси, да ја согледаат можността во развојот на претприемништвото. Знаете, велиме дека сме 51% популација во Р. Макдонија па и во ЈИЕ, но искористеността на претприемачкиот потенцијал е на многу ниско ниво. Токму на тоа работиме, претприемништвото да биде препознаено како можност за вработување и постигнување успеси. И преку проектите кои ги работиме ги водиме целните групи низ процесот на претприемништво, им помагаме да ги добијат неопходните информации, ги насочуваме, поврзуваме.

Кој ваш најуспешен проект до сега?

Не би можела да издвојам кој е најуспешен проект досега, за мене секогаш кога има задоволни корисници, значи дека проектот е успешен. Сме имае разни проекти на различни нивоа, да речеме регионалниот проект “Женско претприемништво – мотор за создавање работни места” беше проект кој што ја постави темата женско претприемништво да биде препознатлива насекаде во регионот на ЈИЕ и сметам дека тој проект беше одлична подлога за нашето ппонатамошно работење. Исто така регионалниот проект со кој што ја направивме Балканската коалиција на бизнис жени е уште еден успешен проект, преку кој развивме многу теми и содржини, преку кој се поврзавме со бизнис заедниците од повеќе држави. И да се симнам на национано ниво, со проектите ои ги работиме тука во Македонија, би го споменала проектот во кој што бевме вклучени минатата година, “Програма за (само)вработување на самохрани мајки”, со проектот постигнавме одлични успеси, секојдневно слушам дека проектот има продолжен ефект, дека сеуште се развиваат односите, секојдневно има нови успешни приказни од она што ние сме го иницирале преку проектната програма.

Сега работиме на неколку проекти паралелно, едниот е да креираме поволна клима за развој на женското претприемништво и преку него сакаме да се насочиме на поефективна работа на стратегијата за женско претприемништво, другиот е проект кој што го работиме низ цела држава, каде што имаме различни таргет групи, со кои ке работиме на различни теми, но се во сврха на зајакнување на женското претприемништво. И овие проекти засега одлично се одвиваат, одлична е заинтересираността за проектите и одличен е одзивот на заинтересираните страни.

А кој е сегашен проект што го спремате со здружението?

Сега сме во подготовка на еден регионален проект кој во многу ке придонесе на економското зајакнување на регионот.

Мислите ли дека во Македонија ќе има – жена претседател на држава? Има ли место за жените во политиката?

Место секогаш и за секого има, во зависност кој каде сака да стигне. За секоја работа треба претходна подготовка, па така и за претседателско место. Тоа не е само желба, мора на тоа да се работи, личността претходно мора да си ја одработи “домашната задача” , да се приготви, да го приготви теренот и опкружувањето и тогаш да тргне во борба за било која позиција. Без претходна подготовака нема да има ни резултати, тие позиции не се добиваат, тие се одработуваат!

Исто така и во политиката, доколку жените сакаат да се вклучат во политика, да издвојат дел од своето драгоцено време, да излезат од својата комфорна зона, и при тоа да ги поажат своите квалитети, каде рамо до рамо со мажите ке ја кројат поитиката, нема зошто да нема место и за жените во политиката.

Кои се предностите , а кои слабостите да се биде жена претприемач?

Јас не би можела да ги кажам кои се слабостите бидејки сум претприемач веќе долго време. Можам да говорам кои се предностите да се работи за себе, како е да се радувам за секоја една победа, како е да му се радувам на секој нов ден бидејки носи нови предизвици и можност за постигнување на позитивен резултат.

Слабостите, едноставно ги нема, тоа е мојот начин на живот и така функционирам. Немам точно определено работно време и не си доаѓам дома во 16.00 , но и тоа е моја одлука, можам и да не отидам на работа ако сметам дека имам друг приоритет. Слободата никој не може да ми ја одземе.

Во што се подобри, а во што полоши жените од мажите во бизнисот?

Жените се подобри во обмислувањето на работата, во темелността, но при тоа се лоши вложувачи и слабо работат на развојот на бизнисите да бидат поголеми и попрофитабилни.

Колку жените се дискриминирани во Македонија во бизносот?

Жените не се дискриминирани во бизнисот, тие се во послаба состојба од разни други причини, како што е менталитетот, социјалната положба, познавањето на бизнис и претприемништво, слабата економска моќ заради традицијата имотот да се остава на синот во фамилијата. Сето тоа придонесува жената да има пониска појдовна точка за развојот на бизнисот, но не велиме дека сме дискриминирани во бизнисот.

Со оглед на тоа дека традиционално на жената и припаѓаат домашните обврски, и обрвските околу децата, колку има време жената да се посвети на бизнис и претпиемништво?

Сметам дека доколку се сака може да се успее и со сите обврски кои сите ги имаме. Доколку жената е фамилијарна или пак сака да биде фамилијарна и при тоа да развива свој бизнис мора да одбере партнер кој ке ја поддржува во таа идеа, и при тоа да превземе дел од домашните обврски. Веќе тука нема исклучок, дури и жената да не е претприемачка, да е само вработена, таа исто како и мажот е осум работни часа на работа, и не би смеело во едно современо живеење целото време на домаќинството, децата, постарите во фамилијата да остане само на жената.

Имате ли евиденција колку мажи а колку жани се не еманципирани? Колку жени а колку мажи се невработени?

За жал досега не сум сретнала дека е креирана метода за мерење на еманципираност и дека такво истражување е направено. Можеби можем да зборуваме како перцепција, да кажеме како се развива и слично, но сепак тоа од регион до регион е различно и е неблагодарно да генерализираме едно вакво прешање.

За тоа колку се вработени мажи а колку жени, завод за статистика секоја година излегува со бројки кои се превземаат од Агенцијата за вработување и други институции. Во моментот не ги знам точните бројки, знам дека невработеността со тешки маки се намалува, нашето стопанство нема капацитет да ги вработи сите невработени, ако пак има капацитет, тогаш работната спрема на невработените е на многу ниско ниво и не одговара на потребите на работодавачите. И секако државните институции , јавна администрација, ниту пак тие имаат можност да ги вработат сите, бидејки кај нас општ тренд е да се бара работа “ на државно”, мораме да се свестиме дека и тие земаат плата од бизнисите и од претприемачите.

Колку имате време за себе и како го поминувате?

Немам време за себе, или ако си го посветам тогаш сакам да прошетам во природа, да посетам место на кое не сум била, да се дружам со фамилијата и најблиските.

Како балансирате помеѓу домашните работи и напорните обврски со здружението?

Организацијата, поставеността на целокупното дејствување е најважно. Јас лично имам голема поддршка од мојата фамилија, домашните работи и активности не се само мои, тие се наши, функционираме како добро организирана компанија. А работните обврски од фирма, како и од здружение ги менаџирам на дневно, неделно ниво и секако се трудам работите да не ги одолговлекувам, бидејки тоа е непотребно потрошено време.

Наоѓате ли време за дома?

Секако дека наоѓам, секој слободен момент го поминувам дома и го посветувам на домашните. Многу важно е како ќе се помине тоа време, треба да биде квалитетно и со содржина, неважно е колку време се посветува.

Што ве мотивира, а што ве релаксира?

Ме мотивира нов предизвик, а ме релаксираат убавините од природата, фамилијата, добра музика, па и добро друштво за излегување.

Најмногу на што се лутите и како реагирате кога се лутите?

Се лутам на несовесно работење, на непрофесионалност, на неодговорност, на непочитување на околината, другата личност, и непочитување на основните вредности.

Реагирам бурно и гласно, и секогаш со факти

Да не работевте во невладиниот сектор што ќе бевте? Која е вашата професија од соништата?

По вокација сум архитект, можеби кога бев млада сонував дека ке работам како врвен архитект во некоја компанија, но со промената на можностите во општеството, морав да ги менувам своите приоритети и при тоа да поставувам други цели во животот. Но тоа е нормален процес и јас сум задоволна од досега постигнатото.

И за крај дали се сметате за среќна и остварена жена?

Дефонотовно ДА! Среќата доаѓа од многу различни страни, за што сум благодарна, и секако сум остварена за она што сум го постигнала досега. Но, моите цели се повисоко поставени и јас секогаш ке се стремам кон нови достигнувања и со секое достигање на целите ке правам нивна редефиниција и ке ги поставувам уште погоре.