Кога една врата се затвора, друга се отвора

Неколку цитати кои ќе ве натераат убаво да размислите за некои работи во животот:

„На крајот, нема да биде важно колку пати длабоко сте воздивнале, туку колку моменти ви го одзеле здивот.“
Шинг Шионг

„Кога животот ти дава сто причини за да плачеш, покажи му дека имаш илјадници причини за да се насмевнеш.“

„Никогаш не кажувај ги своите проблеми на никого. На 20% од луѓето не им е гајле, а на останатите 80% им е мило што ги имаш.“
Лу Холц

„Биди тоа што си и кажувај го тоа што го мислиш бидејќи тие што ти замеруваат не се вредни, а оние кои не замеруваат се оние што навистина вредат.“
Д-р Сеус

„Како што растеме, учиме дека личноста која никогаш не сме очекувале да нè разочара, веројатно ќе го направи тоа. Вашето срце ќе биде скршено, вие ќе скршите туѓи. Ќе се карате со вашиот најдобар пријател или можеби дури ќе се заљубите во него и ќе плачете бидејќи времето лета за миг. Затоа, направете многу слики, смејте се често, лесно опростувајте и љубете како никогаш да не сте биле повредени. Животот не доаѓа со гаранција, со време за одмор, со втори шанси. Треба само да го живеете во потполност. Кажете му некому што тој значи за вас и смело прекорете некој што ве разочарал или навредил, зборувајте гласно, танцувајте на пороен дожд, држете нечија рака во вашата, утешете пријател, заспивајте гледајќи го заоѓањето на сонцето, станувајте доцна наутро, флертувајте и смешкајте се додека не почувствувате болка на вашето лице. Не плашете се да ризикувате и да се заљубите, и најмногу од сè, живејте во моментот, бидејќи секоја секунда што ја трошите во лутина или вознемиреност е секунда од среќата која никогаш не можете да ја вратите назад.“

„Отсекогаш знаев дека сеќавањето на солзите од минатото ќе ме засмева, но никогаш не очекував дека сеќавањето на насмевките од минатото ќе направи да заплачам.“

„Работи како да не ти се потребни парите, љуби како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа.“
Рендал Џ. Лејтон

„Совет е она што го бараме кога веќе го знаеме одговорот, но посакуваме да не сме го знаеле.“
Ерика Јонг

„Кога една врата се затвора, друга се отвора. Но, често, толку долго гледаме жалејќи во затворената врата, што не можеме да ја видиме онаа која се отворила за нас.“
Александар Грејам Бел

„Боли кога љубиш некого, а љубовта не ти е возвратена. Но, она што боли повеќе е да љубиш некого и никогаш да не собереш доволно храброст да му покажеш како се чувствуваш.“

„Најтажната работа во животот е кога ќе запознаеш некој што многу ти значи, за на крајот да сфатиш дека не сте биле створени еден за друг и едноставно мора да го пуштиш да замине.“

„Најдобар пријател е оној со кој можеш да се нишаш на нишалка во дворот, да не проговориш ниту еден единствен збор, а потоа да заминеш со чувството како тоа да бил најдобриот разговор што некогаш си го имал.“

„Точно е тоа дека не знаеме да цениме нешто додека не го изгубиме, но исто така е точно дека не знаеме што сме пропуштиле сè додека тоа не се случи.“

„Потребна е само една минута за некој ‘да ти падне во око’, еден час за да ти се допадне и еден ден за да се заљубиш, но потребен е целиот живот за да го заборавиш.“

„Не барај изглед – тој залажува. Не оди по богатството – и тоа еден ден ќе го снема. Барај некој кој те смее, бидејќи една насмевка  е сè што е потребно за мрачниот ден да стане светол.“

„Сонувај што сакаш да сонуваш, оди каде што сакаш да одиш, биди она што сакаш да бидеш, затоа што имаш само еден живот и една шанса да го направиш сето она што сакаш да го направиш.“

„Секогаш ставај ги своите нозе во туѓи чевли. Ако почувствуваш болка, најверојатно така се чувствува и личноста која е нивни сопственик.“

„Невнимателен збор може да поттикне раздор. Суров збор може да уништи живот. Искажан збор во даден момент може да предизвика стрес. Но, еден љубезен збор може да исцели и да благослови.“

„Најсреќните луѓе не секогаш го имаат најдоброто од сè во животот. Тие само го искористуваат максимумот од сè што им доаѓа на патот.“

„Љубовта започнува со насмевка, се развива со бакнеж, завршува со солза. Кога си се родил, си плачел, додека сите околу тебе се смееле. Живеј го животот така за кога ќе умреш, ти да бидеш оној што ќе се смее, додека сите околу тебе ќе плачат.“