Неколку корисни трикови, како вашите усни да изгледаат поголеми!

Неколку трикови како да ги зголемите вашите усни

Моливот за усни е дел од шминката кој ќе ви овозможи вашите усни да изгледаат пополни отколку што навистина се.

Ви предлагаме неколку совети кои ќе ви помогнат да имате усни како да сте вградиле силикон во нив.

Користите молив во неутрална боја

Најважно е да користите неутрална мат нијанса на моливот за усни. Но треба и да внимавате на тонот на вашата боја на усни. Многу е битно да погодите иста нијанса на молив со вашата природна боја на усни. Внимавајте и на под тонот на вашата боја на кожа. Доколку имате розе боја на усни, користите неутрални розе тонови на молив, тиe најдобро ќе ви стојат.

Пополнете ги аглите на вашите усни

Убаво наостерете го моливот и прво почнeте од аглите на вашата усна. Така ќе изгледате поприродно.

Немојте да преминете премногу преку природните линии на вашите усни. Тргнете од аголот кон врвот на долната и горната усна. Трикот се состои во тоа да го пратите природниот облик на усните и сосема минимално преминете ја природната линија. За тоа е многу битно нијанста на моливот да биде идентична со природната боја на вашата усна. Така преминувањето преку природната линија ќе изгеледа природно.

Усните пополните ги со кармин

Користите нијанса иста како и моливот или малку посветла. Ако се одлучите за мат кармин, тој уште подобро ќе ги истакне вашите усни.

Сјај

На крај ако сакате можете да додадете сјај за усни. Сјајот ги прави усните уште поголеми. Но, внимавајте на нијансата, таа мора да биде идентична со бојата на моливот и карминот.

Во последно време сјајот се избегнува бидејќи усните изгледаат преголемо и неприродно.