Поразителни податоци: Намален природниот прираст, 177 умрени повеќе од родени

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018  година, во споредба со истиот период лани, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени  деца.

Повеќето општини се во негатива, а оние населени места кои претходно имаа добар прираст сега почнуваат со стагнација.

Населените места во Македонија се ситнат со население.

253 е природниот прираст во Скопје, – 22 во Берово, – 134 во Битола, – 3 во Богданци,  26 во Боговиње, 1 во Босилово, 6 во Брвеница, -20 во Валандово, -1 во Василево, -5 во Вевчани, -28 во Велес, 2 во Виница, -14 во Врапчиште, -17 во Гевгелија, 35 во Гостивар, 2 во Градско.

Понатаму, природниот прираст во Дебар е 5, во Дебарца -13, Делечво -23, -14 во Демир Капија, -32 во Демир Хисар, -9 во Дојран, 10 во Долнени, 42 во Желино, 8 во Зелениково, Зрновци 0, -3 во Илинден, -11 во Јегуновце, -23 во Кавадарци, -11 Карбинци, -54 во Кичево, 0 во Конче, -34 во Кочани, -22 во Кратово, -26 во Крива Паланка, -13 во Кривогаштани, -3 во Крушево, -38 во Куманово, 33 во Липково, -9 во Лозово, -1 во Маврово Ростуша, -7 во Македонска Каменица, 0 во Македонски Брод, -15 во Могила, -10 во Неготино, 2 во Новаци, -38 во Ново Село, -14 во Охрид, 7 Петровец.

Во Пехчево е -5, во Пласница -3, -110 во Прилеп, -20 во Пробиштип, 8 во Радовиш, -10 во Ранковце, -44 во Ресен, 1 во Росоман, -15 во Свети Николе, 19 во Сопиште, -7 Старо Нагоричане, 8 во Струга, 41 во Струмица, 76 во Студеничани, 16 во Теарце, 54 во Тетово, 6 во Центар Жупа, Чашка 22, Чешиново – Облешево -12, Чучер Сандево 31, -41 во Штип.