Здрав оброк со витамини: Бејкон салата

Состојки:

  • 500 гр. зелка
  • 2 јаболка
  • 3 парчиња сланина
  • 3 лажици јаболков оцет
  • 1 лажица масло
  • ким
  • бибер
  • сол

Подготовка:

  1. Се ренда зелката, се става сол и се остава да омекне.
  2. Се сечат јаболката ситно и се мешаат со зелката во сад, па се сече сланината, кратко се пропржува, се цеди од маслото и се додава.
  3. Се ставаат и масло, бибер, сол и ким и се меша.