Професор, адвокат, преведувач – Која професија најмногу ви одговара според хороскопскиот знак?

Business woman looking at bright light bulb in the wall concept

ОВЕН

Вие сте динамични, полни со енергија и поседувате натпреварувачки дух. Ве привлекуваат професии кои се поврзани со ризици и предизвици, преку кои можете да ја покажете вашата индивидуалност.

На вашата креативна, амбициозна и отворена личност најмногу ѝ одговара кариера во медиумите, маркетингот или архитектурата.

Ако сте претставник на овој знак, вие сте роден херој и лидер, па затоа ви одговараат и професии како војник, полицаец, спасувач или управител на фирма.

БИК

Како претставник на овој знак вие сте практична, решителна, трпелива и чесна личност, која може одлично да се вклопи во тим. На прво место, вие сакате стабилност и склони сте да работите прекувремено, ако тоа ви носи подобра плата.

Вие би биле среќни ако работите како банкер, брокер, агент за недвижности или научен истражувач.

Вашата музикалност може да ви помогне да се истакнете како пејачи или музичари.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците сакаат професија која ќе ги стимулира на интелектуален план. Нивната комуникативност ги насочува кон рекламата, образованието и трговијата.

Иако за претставниците на знакот близнаци е познато дека не сакаат да работат прекувремено, вие имате многу енергија и можете да постигнете многу повеќе во текот на еден работен ден, отколку што тоа го прават другите околу вас.

Вас ви одговара секоја професија која е директно поврзана со комуникациите, а и одлично работите под притисок. Најсреќни би биле ако работите како писател, преведувач, оратор, новинар, учител, трговец, дипломат, политичар или рекламен агент.

РАК

Вие сте многу чувствителни и се однесувате многу заштитнички кон оние што ги сакате. Сите професии поврзани со негата и грижата за луѓето ви одговараат вам. Ги сакате луѓето и сакате да им помагате, па затоа медицината е сферата кон која најчесто се насочувате.

Освен како добри психолози, педијатри и социолози, „раковите“ можат да се покажат и како вистински специјалисти во областа на финансиите.

Поради фактот што сте чесни и лојални, одлично можете да се истакнете и во сферата на човечките ресурси.

ЛАВ

Креативноста и динамичноста се ваши препознатливи карактеристики. Најдобро работите кога сте на висока позиција. Авторитетни сте и уверени во себе.

Лесно ги инспирирате и мотивирате луѓето околу вас, па затоа можете да бидете одлични менаџери и управители. Сакате вашата професија да ви нуди висок статус и престиж. Можете да бидете и одличен адвокат или доктор.

Вие сте родени да бидете лидери и силно ве привлекува моќта и власта. Перфектни сте за позицијата на дипломат.

ДЕВИЦА

Прецизни, внимателни, трудољубиви, перфекционисти. Тоа се особините кои најдобро ве опишуваат вас.

Вашето логичко мислење и големата способност за концентрација, ве прави одлични математичари и сметководители. Ќе бидете исполнети ако се насочите кон фармацевтската индустрија или кон науката и техниката.

Имате исклучително богат речник, па затоа лесно можете да станете добар писател или критичар.

ВАГА

Како „вага“ секогаш се стремите да постигнете баланс, хармонија и справедливост во секоја ситуација. Вие сте многу комуникативни личности, кои што постојано бараат контакт со другите луѓе.

Вашиот стремеж кон задоволување на правдата ве прави одлични адвокати, а лесно можете да ги извршувате и функциите на дипломат и преговарач.

Имате природна дарба да бидете добри дизајнери и уметници, затоа што сте креативни, перфекционисти и знаете што очекуваат луѓето околу вас. Секогаш им излегувате во пресрет на луѓето околу вас кога тие имаат потреба од ваша помош, па затоа можете успешно да изградите кариера во областа на услугите.

ШКОРПИЈА

Вие сте трудољубиви личности со аналитичко мислење и многу добра интуиција. Љубопитни сте и секогаш ве привлекуваат мистериите. Тие ваши особини ве прават одлични детективи, адвокати, физичари и истражувачи.

Свесни сте за потенцијалот кој го поседувате и работите многу напорно за да се покажете во најдобро светло. Вашата амбициозност ве мотивира секогаш да се насочувате кон високи позиции.

Многу лесно можете да се концентрирате и да се фокусирате. Затоа можете да изградите успешна кариера како хирург.

СТРЕЛЕЦ

Родените под овој знак се полни со енергија, комуникативни личности со слободен дух. Ако вие сте претставник на хороскопскиот знак стрелец, тоа значи дека сте неуморна личност која обожава предизвици.

Вие сте забавни и комуникативни, па затоа лесно се вклопувате во секоја средина. Омилени сте сред колегите, поради тоа што знаете со хумор да ги разведрите кога е напната атмосферата.

Вам ви одговараат професии поврзани со екологија, животни или религија, затоа што сте спиритуална личност. Вашата желба да патувате ве прави одлични кандидати за професии како пилот, стјуардеса и туроператор.

ЈАРЕЦ

Како претставник на знакот јарец вие сте стабилна, одговорна и организирана личност, која секогаш се стреми да си ја постигне целта. Многу сте трпеливи и секогаш сакате да го завршите она што сте го започнале.

Ја обожавате моќта и секогаш се стремите да се на висока позиција. Вие би биле одличен менаџер или администратор.

Многу често колегите ве сметаат за работохолици. Ги сакате компјутерите, софтверот и сè што е поврзано со наука и математика. Можете да изградите успешна кариера во ИТ секторот или како банкер или сметководител.

ВОДОЛИЈА

Пред сè вие водолиите сте големи хуманитарци и идеалисти. Невладините организации се одлично место за вас, затоа што секогаш сте подготвени да дадете сè од себе кога се работи за добри цели.

Имате прогресивни и оригинални идеи, кои често ги претворате во практични иновации. Вас не ве привлекуваат обични професии, а барате професија која ќе ве стимулира со предизвици. Сепак, каква и професија да изберете, најважно за вас е да си ја зачувате независноста.

Најдобро можете да се реализирате како истражувачи, научници, астрономи, фотографи, писатели или инженери.

РИБИ

Претставителите на овој знак се пријателски, артистични и спиритуални личности. Ако вие сте родени под знакот риби, тоа значи дека имате силно развиена интуиција и склони сте секогаш да им помагате на луѓето.

Најдобри професии за вас се оние професии, преку кои можете да ја изразите вашата креативност.

Вие сте големи љубители на музиката, поезијата, филмовите и танцувањето. Имате огромен потенцијал да бидете одлични актери, писатели, танчари и дизајнери.