Доколу ова не го прочитате ова може да бидете ограбени само со едно приближување!!!!

Броевите на нашите платежни картички и нивните лозинки  се најсветото нешто во денешно време. Бројот и лозинката на вашата кредитна или дебитна картичка е нешто што нетреба го доверувате буквално никому. Но, што ако ви кажам дека некој може да ви го украде податоци, па дури и пари од вашата платежна картичка, само со тоа што ќе застане на чекор до вас? Звучи неверојтно, знам.

Денеска е можно да извршите безготовинско плаќање само со допирање на картичката или нејзино поминување преку терминалот, без  при тоа да го венесете вашиот пин. Како и најголемиот дел од методите за безконтактно плаќање RFID картичките се дизајнирани за лесно  и брзо користење.

А сега замислете како некое злонамерно лице поминува покрај вас, го скенира вашиот паричник кој се наоѓа во вашиот џеб без да сте свесни за тоа. Теоретски тие можат да земат доверливи податоци од вашата картичка без ваша согласност, но и пари. Дали за ваквата опасност треба да се грижиме и како да се заштитеме?

Како работат RFID картичките?

Луѓето беа загрежени за RFID чиповите, многу години наназад , не само од кога тие почнаа да се користат во платежните картички. Сите пасоши издадени од САД после 2006 година имаат ваков чип на кој се сместени личните податоци. Картичките за метро во поразвиените држави во светот имаат веќе вградено вакви чипови. На домашните миленичиња им се врадуваат исти вакви чипови, во случај да ги изгубите  да можете полесно да ги најдете. RFID чиповите, се насекаде околу нас.

RFID чиповите работат со помош на радио бранови за да можат да комуницараат, платежните картички содржат RFID таг со информации, а RFID читачот користи RFID бранови за да ги прочита информациите од тагот на картичката. Најбитно за функционирањето на RFID чиповите, е дека содржат мали електро магнетни полиња и се што треба за да се комуницира со нив е да бидетете доволно блиску. Затоа теоретски некој може да ви ги исчита податоците од џебот, постојат и вистински приказни на луѓе на кои вистински им се  случило ова. За среќа радио брановите лесно можат да се блокираат и тоа е начинот на кој што работат RFID блокирачките паричници. Тие ја обвиваат вашата платежна картичка со материјал кој ги попречува радио брановите. Со овие паричници слободно можете да ги користите RFID картичките, без стравување од електронска кражба на вашите пари.

Дали стварно ви требаат RFID блокирачки паричници? Можеби да, можеби не. Ако вашата картичка нема RFID чип, тогаш немате потреба од овој  паричник. Но доколку имате RFID платежна картичка, шансите да ви бидат украдени податоци но и пари секако дека постојат. Затоа навремено снабдете се со RFID блокирачки паричник или RFID блокирачка футрола – наменета за вашата катичка.

Во Р.Македонија со RFID платежна картичка можете да платите само сметка во износ до 700,00 денари.

Еве како изгледаат RFID блокирачките паричници:

Автор: Д.М.