Колач од кокос

Тесто:
Потребни состојки:

  • 5 белки
  • 200 гр. Шеќер
  • 1 лимон
  • 100 гр. брашно
  • 150 гр. кокос
  • 1 млеко
  • Подготовка:
    Пет белки се матат, се додава 200 гр. шеќер и сок од еден исцеден лимон. Кога сето тоа убаво ќе се соедини, се додава 100 гр. брашно и 150 гр. кокос. Откако ќе се измеша убаво соединетата смеса се става во рерна на 150  ̊ – 170  ̊ степени. Сето тоа се лади и се потопува со 150 дл. топло млеко.
    Фил:
    Потребни состојки:

  • 1 л млеко
  • 5 жолчки
  • 6 лаж. супени густин
  • 2 лаж. слупени брашно
  • 200 гр. шеќер
  • 1 маргарин
  • Подротовка:

    Млекото се вари со 5 жолчки, се додаваат 6 лажици густин, 2 лажици брашно и 200 гр. шеќер.

    Откако ќе зоврие се трга на страна и се чека да се олади. Маргаринот се мати и се додава на смесата.

    Филот се става над тестото и се посолува со 50 гр. кокос.

    Добар апетит!