Свири друже, еднаш сме полуматуранти!

Ги видовме пред две-три недели како слават матурантите, неделава на ред се полуматурантите. Шминка еден тон, високи потпетици, свечени фустани, со пиво и сокови во раце го прославуваа завршувањето на основното образование.  Тешко може да се разбере новокомпонираната традиција на прослави за завршено 9 одделение. Демек полуматура. Некако стана се вештачко. Нема спонтаност, едноставност и скромноста, сето уживање. Сé е изнасилено и просто погрешно.

– Завчера славевме полуматура во диско до полноќ заедно со наставничките. Повикавме музичари на кои им плативме  7.000 денари за да не придружуваат од училиштниот двор до паркот, низ смеа зборуваа децата.