Вистинско уживање е да се занимавате со убавината на луѓето, вели Г-ѓа Сузана Блажевска

Раскажете ни како започна приказната за Афродита С.? Колку години работите?

Приказната започна пред 22 години со идеја и желба да се креира убавина. Да се подигне свеста за важноста на убавото и негуваното лице и тело. Да им се врати самодовербата на клиентите. Желбата да се стави насмевка на лицето на нашите клиенти несомнено беше тоа што ја поттикна идеата од која произлезе „Афродита-С“. Верувам дека секој ќе се согласи со мене дека е вистинско уживање да се занимавате со
убавината на луѓето, односно да ги релаксирате и да ги разубавувате. Во 2010 година додадовме уште еден дел во мозаикот на убавината, односно го отворивме и вториот салон на „Афродита-С“ на Водно. Верувам дека на повеќето им е познато дека првиот центар за убавина на „Афродита-С“ се наоѓа во населбата Аеродром. Денес „Афродита-С“ може да се пофали и со голем број обучени кадри во областа на козметикатa. Преку центарот за обука на „Афродита-С“ се спроведуваат групни и индивидуални обуки во областа на козметиката, како и обуки за трајна шминка.

Кои новитети ги има во вашиот “Центар за убавина Афродита-С”?

Нудиме повеќе од 200 различни козметичко-фризерски услуги и третмани. Новитети има во Green Peel третманите за нега на лице, сега има од хигиенски третмани за чистење до најсовременте методи. Третмани за обновување на кожата, за хидратација и против стареење, против брчки, дамки, лузни. Овде би ги споменала Green Peel хигиенски третман со ензим и органски третман со билки, Сенсидерм третман, Мела Вајт, Третман за избелување со црна маска, Антиејџ третман за очи, Рефрешот, како и Фреш ап третманот, Енерџи и најјакиот Грин пил класик. Овие третмани особено ги препорачуваме и се едни од најбараните третмани за лице. Во потполност ја подмладуваат кожата и ги бришат сите недостатоци. Во големиот број услуги што ги нудиме значајно место заземаат и третманите за обликување на телото. Располагаме со најсовремени неинвазивни апарати што ефикасно ги отстрануваат маснотиите од определени делови на телото, затоа што во вакви случаи тешко се постигнуваат резултати само со традиционални третмани, диети и физичка активност. Како најнови методи за тело би ги издвоила методот VACUSLIM 48 кој е метода за професионални третмани за слабеење и елиминација на целулит која секогаш може брзо и лесно да се примени, особено во ситуации кога треба да се започне и забрза процесот на слабеење и подобрување на изгледот на кожата на телото. При првиот третман се губи од 5-10цм во обем.
Бенефити:
* Видливо намалување на обемот по првиот третман.
* Подобрување на изгледот и тонусот на кожата по серија третмани.
* Елиминација на вишокот на течности.
* Метаболичко дејство на активни супстанци на процес на липолиза (разложување масни наслаги).
* Со вакумот истовремено се постигнува сауна и пресо ефект (ефект на лимфна дренажа).
Потоа Бодимастер стимулации кои прават детокс и одлично се борат и со најтврдокорниот целулит и има моментално видливи резултати. Вакуслим 48 антицелулитна и слиминг метода и Бодимастер може да се комбинираат со третманите за слабеење како што се кавитација, радиофреквенција, бодислимер,
липоласер, електростимулации, мадеротерапија и рачни антицелулитни масажи. Комбинацијата го дава посакуваниот максимален ефект. Како најново и единсвено во “Афродита С”, омилениот третман на холивудските ѕвезди е веќе достапен и кај нас ! Револуционерен метод во постигнување резултати кои се споредливи со хируршките третмани. Phi Lings * Комбинација од два третмани со различни техники.
*Phi Ion –не хирушки третман за подигнување на очните капаци, го крати вишок на кожата на лицето и вратот. Се работи на лице и тело. Дава моментално видливи резултати во однос на кратење и затегнување на кожата, прави лифтинг и обнова и има подмладувачки ефект. Работи на принцип на користење на јонска плазма. По третманот, сите придружни ефекти исчезнуваат и кожата заздравува за 5- 7дена. Вистински резултати се добиват после 4-6 недели.
* Phi Needling -третман кој буквално ги брише длабоките и плитки бори при тоа поттикнува раст на нов колаген и нови клетки. Ја затегнува и подмладува кожата и видливо ги намалува брчките на лицето. Ревулуционерен Anti-aging и регенеративен третмани за лице и тело.
Индикации:
*Подигнување на капаци без хиуруршка метода, затегнување на вишок кожа, со само еден третман.
*Намалување на лузни од акни.
*Отстранување флеки.
*Видно делување на стрии.
*Намалување на борите и спречува создавање на нови.
*Длабока хидратација на кожа.
*Смалување на пори.

Колку следењето на современите трендови и едукации се важни во оваа област, со оглед на динамиката на новитетите што постојано се воведуваат?

Од самиот почеток „Афродита-С“ ги следи најновите достигнувања, но бидејќи сферата на козметиката постојано се усовршува и се менува, неопходно и најважно е постојаното следење на новитетите и надградување на знаењето во оваа област. Перманентното усовршување и имплементирање на сите новитети е наша постојана активност. Наша цел е постојано да се подобруваме и да овозможиме услугите да бидат на повисоко ниво, со што ќе го зголемиме бројот на задоволни клиенти. Тимот на „Aфродита-С“ ги почитува
принципите на деловност и етика, врши континуирана едукација на својот тим и ги следи најновите козметички достигнувања.

Мадерoтерапија- антицелулитна масажа е хит помеѓу девојките, колку оваа масажа е ефикасна (раскажетени нешто повеќе)?

Мадеротерапија, масажа со која во потполност ќе го редуцирате целулитот и ќе го обликувате вашето тело. Енергична масажа – до комплетен детокс и тонизација. Мадеротерапија е терапија која потекнува од Колумбија и која се заснова на користење на анатомски изградени елементи од дрво кои ја прават терапијата 100% природна без алергиски реакции на кожата. Оваа терапија претставува алтернатива на регуларна
длабинска масажа за клиенти со диспропорционални, локализирани масни наслаги и целулит.Предноста на користење на специјално обликувани дрвени елементи овозможува интензивен притисок на фиброзниот целулит и отстранување на масни наслаги заедно со останатите токсини. Применувајќи ја го стимулираме лимфниот систем на телото и со тоа го ослободуваме од акумулирани токсини. Ова ослободување од токсини го поттикнува метаболизмот да ги согорува мастите. Исто така, се разбиваат џеповите од упорниот целулит, се намалуваат отоците на кожата и се овозможува израмнување на ‘’кората од портокал’’.
100 % Природна
100 % Неинвазивна
100 % Нема контраиндикации
Во комбинација со апаратите за тело даваат двојно поголеми резултати и во однос на слабеењето.

Во тек се матурите што најмногу бараат матурантките?

Во овој период најактуелни клиентки ни се матурантките, но и апсолвентките кои сакаат да блеснат на својата матурска или апсолвентска вечер. Стручниот тим од Афродита –С им го овозможува тоа задоволство со пакетите за фризура, шминка и средување на нокти. Тие третмани се најбарани од нивна страна. Нудиме професионална шминка, фризурата е во рацете на искусните фризерки, а пак за средувањето на ноктите и декорацијата по желба на клиентките се одговорни Nail артистите кои успешно се трудат секоја клиентка да излезе задоволна.

Од денешна гледна точка, за што би рекле дека било пресудно за да опстоите на пазарот и да се развивате?

Почнавме да работиме сериозно и одговорно. Центарот за убавина „Афродита-С“ беше создаден за да опстане. Почетоците беа скромни, но многу амбициозни. Уште тогаш имав јасна претстава за тоа што треба да биде „Афродита-С“ по пет, десет, петнаесет, дваесет години од создавањето. Неуспехот не беше опција за која размислував во кој било момент. Од самиот почеток „Афродита-С“ ги следи најновите достигнувања во областа на козметиката. Нуди спој на најдобри традиционални мануелни и најсовремени третмани со козметички препарати и апарати за комплетна нега на лицето, телото, ноктите и на косата. Квалитетот на услугите, добриот тим и грижата за клиентите секако се пресуден фактор „Афродита-С“ успешно да се развива и да постои веќе 22 години.

Има ли познати јавни личности со кои континуирано соработувате?

Голем е бројот на јавни личности што ги посетуваат двата центри за убавина „Афродита- С“. Ќе споменам само некои од кои имам дозвола за тоа, а со некои од нив соработувам повеќе од 10 години: Калиопи, Викторија Лоба, Аделина, Дани Димитровска, Марија и Бојан од групата Eye Que“, Биљана Дебарлиева, Ирена Спировска, Ирена Спасовска и многу други за кои ја почитуваме желбата за дискреција. Сите тие се природно многу убави, но „Афродита-С“ им помага да ја одржуваат својата убавина и добра форма.

Што значи да се биде успешна жена менаџер и истовремено успешно да се одговори и на приватните обврски, пред сè, кон домот и семејството?

Да се биде успешна жена менаџер и да се опстане во тоа 22 години бара навистина голема посветеност многу вложен труд и време. Треба да имате визии и да се стремите кон нивно остварување, совладувајќи ги притоа сите ризици и пречки. Темел на успешноста е посветеноста, градењето добар тим, постојаното усовршување, континуираното oбучување на тимот за работа, следењето на иновациите, како и нивно постојано
имплементирање. Успешната жена треба да знае да менаџира, како професионално, така и приватно. Да биде лидер на работното место, но и добра сопруга, мајка, ќерка, другар и пријател. Без сето ова не би била целосно успешна. Цело е само кога има сѐ. Семејството е основна клетка на животот и без него и неговата поддршка не би била комплетно реализирана и среќна. Особено сум горда на моето прекрасно семејство. Имам прекрасен сопруг што ме поддржува сите години наназад и голема помош од синот и ќерката. Синот како Менаџер за човечки ресурси е веќе пет години активно вклучен во менаџментот на Афродита-С.
Ќерката како самостоен адвокат се грижи за правните работи, а сопругот за финансиите. Многу сум среќна што мојата визија прерасна во семеен бизнис и сите го најдоа своето место во Афродита-С. За мене вистински празник е времето што го минувам со моите пет внуци: Матеа, Јована, Душан, Јаков и Александар. И покрај многуте работни обврски, секое слободно време со задоволство го минувам со семејството.

Што е тоа мезо терапија?

Во нашите салони го нудиме третманот мезо терапија со Окси дермо инфузија, Дерморолер, Microneedling и Дерма пен. Мезо терапијата важи за еден од најефикасните анти-ејџ третмани. Се заснова на фина иглеста пенетрација која прецизно може да се контролира, а се достигнуваат одлични и видливи ефекти, воедно се постигнуваат и различни степени на обновување на кожата, се зголемува производството на колаген и
нови ќелии. Помага при: брчки, хиперпигментација, намалување на порите, ревитализација на уморната кожа, против стареење на кожата итн…

Ботоксот дали има штетни последици по здравјето?

Во салонот не го нудиме Botox третманот, тој спаѓа во доменот на медицински естетски третман.Сметам дека не сум компетентна да зборувам за овој третман. Од лично искуство, сум го практикувала неколку пати и би рекла дека не ми се допаѓа. Откако по неколку месеци ќе заврши дејството на ботоксот, мускулот е атрофиран, кожата нема свежина и тонусот е паднат. Јас ги претпочитам повеќе природните и неинвазивни третмани кои на природен начин го успоруваат процесот на стареење, а при тоа кожата не ја губи својата виталност, сјајот, убавиот тен и затегнатоста.

Естетска хириргија дали ја препорачувате и дали вие лично сте ја користеле?

Не, сеуште немам користено никаква естетска хирургија. Благодарение на добрата генетика и континуираната нега се уште не ми треба. Не сум сигурна , но по 15-20 години можеби…хахаха. Но, доколку некој има проблем со естетиката и тоа му создава психолошки проблем, а може да си дозволи, би му препорачала некој добар естетски хирург.

Кои се вашите совети за нега на коса и лице во текот на летото?

За нега на косата во лето нудиме неколку третмани од кои ги издвојувам:
***Ботокс на коса
Австралиски професионален програм кој вклучува ботокс, кератин и хијалуронска киселина. Ботоксот пенетрира со специјални растителкни пептиди во проблематичните зони на кортексот и ја реконструира косата одвнатре, зајакнувајќи ги кутикулите на влакното, правејќи го компактно и еластично.
*Кератинот ги враќа протеините на влакното. Го зајакнува, го прави поотпорно и покомпактно.
*Хијалуроснката киселина ја задржува водата на влакното и ги пополнува деловите на кои се слабо хидрирани, односно ја враќа влажноста на влакното. Резултатите се повраток на природниот протеински баланс, здрав и витален изглед.
***SENSCIENCE третмани за коса
SENSCIENCE е иднината за нега на коса, богата формула со благ и мек мирис, произведена со најмодерна технологија. Од оваа колекција за нега на коса го издвојувам C.P.R. – ТРЕТМАН ЗА ЛЕКУВАЊЕ (ОБНОВА) И НЕГА НА КОСА Ц.П.Р е интензивен професионален третман. Со негово користење косата се обновува, зајакнувајќи го секое влакно, таа добива сила и подолготрајна заштита. Ц.П.Р на косата и ги враќа сите хранливи состојки кои и се потребни, ја изедначува PH вредноста и ги спојува сите прекинати делови во внатрешноста на влакното. Овој третман претставува терапија за коса и е единствен патентиран производ кој делува длабоко во внатрешноста на влакното со микро честички за пренесување на хранливите состојки.
Во однос на лицето во текот на летото особено го препорачувам OXY SYSTEM третманот кој е технолошки најнапреден систем за дермо-инфузија со кислород 98% за оксигенизација и регенерација на кожата на лице и тело. Кислородот е основен елемент за здравје на секоја кожа. Тој е еден вид на гориво за развој на сите клетки во нашиот организам. Колку повеке го има клетките, тие се поактивни. Овозможува клеточен метаболизам. Снабдувањето на кожата со кислород преставува основен услов за настанувње на нови клетки на кожата. Тој ја стимулира синтеза на колаген и еластин , влијае во снабдување на хидратација, го подига имунитетот, ја јакне нејзината заштита, потикнува исфррлање на токсините и го подобрува дишењето на кожата. За жал поради различни фактори на кожата и недостасува кислород. Еден од нив се и високите температури и ниското ниво на влажност во воздухот. Во текот на животот снабдувањето на кислородот драстично опаѓа и тоа е еден од факторите за побрзо стареење на кожата. Ова е одличен третман за дехидрирана, уморна кожа , подочници, неизедначен тен, пигментации, намален праг на чуствителност, слаб тонус и брчки. Со овој метод можеме да го сопреме процесот на стареење на кожата на природен начин.

Совет за одржување на фигурата, како да се ослебне пред да се појавиме на плажа?

Вистинскиот момент за да се припремиме и самоуверено да зачекориме на плажа. Го нудиме најдобриот антицелулитен програм, кој не ослободува и од најтврдокорниот целулит. Суштината во одржувањето на фигурата е во тоа редовно да се доаѓа на третмани, не само на пролет или лето, туку во текот на целата година , како би можеле да ги постигнме посакуваните резултати пред да се појавиме на плажа. Следење на упатствата кои ги даваме за начинот на исхрана и физичката активност се исто така клучни фактори кои ни помагаат.

Што ве релаксира, имате ли омилена книга, филм?

Многу сакам да патувам и да посетувам нови места. Се трудам барем 4 пати во годината да излезам надвор од нашата држава на кратки патувања . Поради работата, патувањата и одморите ми се секогаш временски ограничени. Но, сметам дека тоа е малку, во однос на тоа колку места има на мојот список кои се уште не сум
ги посетила. Патувањето ме прави особено среќна. Ми овозможува да се одалечам од секојдневието, да заборавам на сите обврски и да си посветам време само на себе си. Сепак, најголемиот извор на среќа и инспирацијата ми е семејството. Не би можела подолго време да бидам одалечена од нив. Сакам да погледнам добар филм во вечерните часови или добра книга за убав сон. Претпочитам акција/трилер или драма. Омилен филм ми е Кодот на Да Винчи, а омилена книга ,,Мемоарите на една гејша’’–Артур Голде.

Со оглед на тоа дека доаѓа летото, и одморите имате ли некое ваше омилено место за летување?

Ровињ- познат како “Син бисер” на Јадранското море.

Кои се предностите , а кои слабостите да се биде жена претприемач?

Има предности, не сте веќе незапослена, имате план, визија и стремите кон нивно остварување, сама го менаџирате вашето време, станувате економски независна, вие ги одредувте коминтентите со кои ќе соработувате, сами го правите бизнис планот и тимот со кој ќе работите и имате лидерска позиција. A има и слабости, доколку немате поддршка од семејството и нема кој да ви помогне околу децата, нема да успеете. Ние сме држава во транзиција и има многу недостатоци. Во последно време се прават одредени напори но се
уште е тешко за жените претприемачи, тоа не е доволно. Има многу невработени жени, голема невработеност и сиромаштија на локалното население, тешка економска состојба за сите бизниси посебно на мали и почетни бизниси. И многу други неповолности при превземање на кредити и ризик за бизнис.

Во што се подобри, а во што полоши жените од мажите во бизнисот?

Секое компаративно истаржување кај мажите и жените претприемачи, повеќе ги нагласуваат сличностите отколку разликите. Но, едно е сигурно, жените добиваат повеќе поволности на финансии од бизнис партнери во однос на мажите. Жените се повнимателни, кога е во прашање започнување нов бизнис и повеќе истражуваат. Жените доминираат во услужните дејности. Мажите се повоинствени, па овде жените со упорност и истрајност можат да го надокнадат борбениот дух. А бизнисот е свет на војна.

Kолку жените се дискриминирани во Македонија во бизносот? Со оглед на тоа дека традиционално на жената и припаѓаат домашните обврски, и обрвските околу децата, колку има време жената да се посвети на бизнис и претпиемништво?

Не се дискриминирани, има многу жени успешни и на водечки позиции како во приватниот сектор, така и во општествениот. На жените претприемачи им е потребна посебна помош: образование, стекнување на специфични способности, знаења и вештини, финансирање, техничка помош, поттикнување на самодовербата преку различни обуки, практична настава и слично. Потребно е да се создадат услови за отстранување на дискриминацијата на жените. Потребна е помош при одгледување на децата. На овој план можат да помогнат многу женски организации и здруженија. Потребно е да стане економски независна, а со тоа нејзина еманципација и целосна независност со мажите. Вели  Г-ѓа Сузана Блажевска која е сопственик и менаџер на “ Центар за увавина Афродита-С„