Дали ќе го пиете Шведското пиво направено од пречистена канализациона вода?

Pu:rest” е прво шведско пиво кое е направено од пречистена канализациона вода, а произведено од стокхолмската пивара “Nya Carnegiebryggeriet” во соработка со Шведскиот институт за животна средина.

Еден од најконсумираните пијалоци пивото е мотивација за да се направи ова необично пиво за да се подигне свеста на луѓето за недостатоците од вода за пиење и поради тоа е потребен развој и усовршување на технологијата за прочистување на отпадните води.

Водата која што се користи за производство на Пивото е помината низ безброј прочистителни технологии и е контролирано од страна на Шведскиот институт за животна средина.

Шведската пивара не можела да одолее на предизвикот, изјавил Крис Тургесонкога кога го добила овој предлог од страна на Шведскиот институт. Според него, треба да се проба пивото “Pu:rest” кое пиварата го опишува како “органско и кристално чисто пиво”.

Швеѓаните ќе може да го консумираат ова пиво од наредниот месец.